Достапни линкови

Компромисно решение за кандидат за претседател на Европската комисија


Ирското претседателство на Европската унија најде компромисно решени за кандидат за претседател на Европската комисија. Станува збор за португалскиот премиер Жозе Мануел Дурао Барозо. Речиси непозната личност надвор од неговата земја. Дирао Барозо е окарактеризиран и како проевропски политичар, но во исто време и како човек кој одржува добри релации со Соединетите држави. Главното прашање е дали тој е вистинската личност да ја води Унијата во време кога се соочува можеби со најсериозните предизвици од нејзиното постоење

Португалскиот премиер кој е речиси непознат надвор од круговите на политиката во Португалија, од ирското претдедателство беше избран да биде прв човек на Европската комисија. Четириесет и осумгодишниот правник е прифатлив за главните сили во Европската унија. Повеке истакнати кандидати излегоа од трката бидејки беа неприфатливи за една или друга идеолошка ориентација. Белгискиот премиер Гај Верхофштад, поддржан од Германија и Франција, не беше прифатлив за Британците, поради антиамериканизам. Крис Патен, актуелен комесар за надворешни работи, пак не беше прифатлив за континенталните земји. Марко Инсерти од Центарот за европски политички студии вели

„Тој е компромисен кандидат од таа гледна точка. Во основа откако излегоа од трката другите, на Дурао Барозо може да се гледа само како на кандидат за кој постои компромис.“

Според Инсерти тоа и не е толку лошо, се ке зависи од португалските можности да ја завршат работата. Но, како што посочува, тоа е коцкање. Клучно е прашањето дали Дурао Барозо го има она што е неопходно за да ја води Унијата во овој период кој е во најбурниот период по нејзиното основање. Политичкиот аналитичар од новинска агенција во Лисабон, Нуно Винха вели дека португалскиот премиер има солидно мегународно искуство.

„Па, тој има доста искуствово таа област, тој беше министер за надворешни работи во Португалија, во тој период се справи со проблеми кои се однесуваат на Источен Тимор, како и со многу проблеми во Африка.“

Задачата во Унијата ке биде тешка . Европската унија неодамна се прошири со десет нови членки главно источно европски земји, но далеку е од процесот на нивна интеграција. Потоа пред земјите членки на Унијата е усвојувањето на Уставот и тоа во наредните неколку години ке биде тешка работа, а може да се покаже и како невозможна. Дурао Барозо ке биде клучна фигура во воспоставувањето на ред Инсерти вели

„Тој ке треба да работи напорно за да ја докаже репутацијата на Комисијата повторно. Во основа претходната комисија работеше добро, постигна многу, но не можеше да ги покаже успесите. На проди му недостасуваа карактеристики на лидер од тој аспект и сега Барозо треба да биде добар координатор, добар лидер, бидејки ке работи во проширена Унија, со многу повеке претставници на различни нации.“

Квалификациите на Баросо се во ред, барем на хартија. Тој не е ниту федералист, ниту националист, тој е за фер третман на малите и големите, богатите и сиромашните членки на Европската унија.
XS
SM
MD
LG