Достапни линкови

Николас Вајт, директор на европската програма на Меѓународната кризна група. Постојат земји во регионот за чија стабилност треба да сме повеќе загрижени од Македонија


Господине Вајт, Македонија веќе подолго време во вашите месечни проценки за состојбите на земјите во светот е во групата подведена под квалификатив непроменета состојба. Дали тоа е добро и за што говори?

Всушност тоа не е така. Ние на крајот на април констатиравме дека состојбата се подобрила. Имајте на ум дека нашиот извештај се однесува на состојбите од месец во месец. Со други зборови меѓународната кризна група не вели дека состојбата во Македонија е непроменета од 2001, кога велиме во мај дека состојбата е непроменета тоа го мислиме во однос на април, а тогаш рековме дека состојбата е подобрена во однос на март. Отатму не мислам дека е баш соодветно да се каже дека ние мислиме оти ништо не се случува во Макеоднија. Иако, може да се каже дека состојбата во основа не е во голема мерка различна од онаа што беше пред шест месеци, освен што сега има поголема степен на стабилност.

Во Македонија е во тек дебата меѓу коалиционите партнери во власта околу пакетот закони за децентѕрализација, иако всушност дебата се сведува на преговори околу границите на општините. Како вие ја коментирате?

Децентрализацијата е навистина крупно прашање за да се сведе само на географски критериуми иако тие се навистина важни. Факт е дека давањето поголеми ингереции на локалната власт, со други зборови, дизајнирањето на локалните самоуправи е важно прашање во која било земја. Би било добро кога решението би било на задоволство на мнозинството на населението иако секогаш ќе има луѓе што ќе бидат незадоволни. Според мене поважно од цртањето на границите на општините е прашањето што локалните власти всушност ќе бидат во можност да прават и навистина би сакал да видам повеќе дебата на таа тема. Но како И да е очиглкедно е дека кај сите постои приофаЌање на ставот дека локалните власти би требало да бидат повеќе независни од централна власт, да постои подобра врска И комуникација меѓу советот на општината и да речеме локалната полиција. Децентрализацијата ја гледам како во моментов најголем политички предизвик, но од друга страна економските проблеми со кои Макеоднија се соочува во моментов се исто така големи и постои навистина проблем на кредибилноста (веродостојноста) на владините напори во таа насока. Од аспект на реформи загубено е доста време поради смрта на претседателот и претседателските избори, а дополнително време ќе се загуби и поради локалните избори затоа би било добро да се види уште поголемо насочување на владата на овие прашања.

Сепак да се вратиме на децентрализацијата. Вашите ставови се прилично академски во ситуација кога е речиси неизвесно дали воопшто коалицијата ќе успее да се договори околу дизајнирањето на општините, за употребата на јазикот и слично, а истовремено постои тој некој временски тесенц во кој се треба да биде завршено најдоцна до крајот на идниот месец?

Па, би рекол дека досегашните резултатите на макеоднскат влада покажуваат дека таа е умее да дојде до политички договор за прашања од ваков тип. Тоа го говорам споредувајќи ја состојбата на поример во Босна, во Србија или на Косово. Се разбира ова е тешко прашање и ќе биде тешјко да се дојде до договор, но ако ме прашувате што е поверојатно да се догопворат или да не успеат во тоа јас мислам дека ќе се договорат.

Во меѓувреме имаме референдуми против промените на општинските граници, па дури и проценки на пример на Демократската Партија на Албаниците дека доколку помине територијалната организација каква што сега владата ја преговара, тоа може да ја врати кризата во Македонија?

Морам да кажам дека мислам оти ДПА мина година и пол, од загубата на парламентарните избори во септември па се до председателските избори годинава, значи година и пол зборувајќи такви работи и гласачите им возвратија со прилично јасен одговор, тие ги отфрлија таквите проценки и тоа за многу посеризони прашања од овие што сега ги актуелизираат. Знаете во политиката се е можно но јас само би посочил дека тие такво нешто зборуваа и во минатото па загубија.

Но, што е со рефередумите. Имаме етнички чисти рефередуми на кои се одбиваа владиниот предлог за ново дизајнирање на општините?

Всушност сите гласат против. Имам впечаток дека населението во општините од сите етнички заедници гласаат против промената на границите. Мислам дека тоа е природен конзерватизам. Лопкалните градоначалници не сакаат да ја загубат власта затоа што децентрализацијата ќе значи помалку општини односно помалку градоначалници и тие ќе ја загубат работата. Освен тоа бидејќи владата сеуште не го усогласила и дефинирала до крај планот луѓето не избираат меѓу две алтернативци туку немајќи пред себе некоја конкретна друга понуда тие избираат статус кво.

Веќе станува реална можноста на локални избори да се оди со старата регулатива, што мислите вие дали е тоа прифатливо решение?

Па, морам да кажам дека тоа не е е нешто незамисливо, но во тој случај јас би советувал она што обично и се прави во такви услови, а тоа е одложување на изборите за 6 месеци за да се дојде до нов политички договор. Тоа е всушност вообичаен процедура.

Но што ќе биде пораката што Македонија ќе ја испрати во време кога аплицира за кандидат за членство во Европската Унија, а одлага избори затоа што не може да се усогласи на ниво на коалицијата?

Сосема е јасно дека децентрализацијата е клучен дел од Охридскиот процес но и на процесот на европската интеграција. Не можете да очекувате прогрес доколку тоа не биде завршено. Токму затоа и мислам дека е подобро на постојните општински совети да им се продолжи мандатот на шест месеци додека не се постигне договор за новите закони отколку да одите на избори со старата регулатива.



Дали ги следите случувањата во ВМРО-ДПМНЕ? Ја губи ли Македонија опозицијата, односно се соочува ли со ситуација во која таа е слаба и збунета?

Да ги следам со голем интерес. Мене ми се чини дека ВМРО решително ја отфрли политиката на Љубчо Георгиевски и покрај фактот што тој едноставно одбива да го прифати сопствениот пораз. Но, тој е апсолутно очебиен, ако ги погледнете анкетите на јавното мислење, и резултатите на гласањето на централниот одбор, Георгиевски ја загуби подршката што некогаш ја имаше. Не мислам дека Макеоднија има слаба опозоција. Ако ги погледенете резултатите на претседателските избори ВМРО доби најдобар до сега изборен резултат . ВМРО досега никогаш не доби таков резултат освен кога одеше во коалиција со други партии. За мене тоа е многу интересно и покажува дека ВМРО го отфрли багажот на фантазиите на Георгиевски и Бошковски и сега станува посилна партија.

Меѓународната кризна група во Македонија меѓу другото е позната и по предлогот за решавањето на проблемот со името. Од тој извешатј поминаа повеќе од две години. Се смени владата која вие ја обвинивте дека е подготвена на отстапки во полза на грчките барања. Со новата влада, всушност со новата политичка гарнитура името некако загуби на актуелност. Се чини дека нема никакво поместување?

Има некое мало поместување, особено кај Американците на кои сега изгледа им е многу полесно да го употребуваат Уставното име на Македонија. Клучот за ова прашање реално лежи во Атина и способнмоста на грчката влада да направи компромис. Меѓународната кризна група наското и јавно ќе објави нешто на таа тема. Аргументот е дека Грците се во позиција да го направат тој компромис, дека се работи за политичка одлука која мора да биде донесена во Атина и дека не постои голем надворешен притисок што би можел да доведе до тоа.

Во меѓувреме може ли Македонија некако да покаже поголема иницијатива?

Мислам дека постојаното спомнување на проблемот на секоја билатерална средба со другите меѓународни чинители е еден од начините.

Како ја гледате Македонија во регинален контекст во однос на Косово и прашањето на статусот кое реално е едно од крупните меѓународни теми што допрва ќе се актуелизираат?

Па јасно дека Македонија реши да заземе неутрална позиција околу статусот. Лично сум прилично песимист за односот меѓу Косово и меѓународната заедница. Она што го гледаме се повеќе, а што е важно за Макеоднија е се поголемото прифаќање на Косово на позицијата дека нема реална можност за менување на границите. Од тој аспект Косово не е директна закана за Макеоднија. Се разбира, нестабилноста во соседството е лоша за сите.

И за крај да сумираме, Вие не гледате никаква потенцијална закана за стабилноста на Македонија?

Знаете никогаш е пресилен збор, но би рекол дека постојат други земји во регионот за кои би требале да бидеме повеќе загрижени.
XS
SM
MD
LG