Достапни линкови

Потврден взаемниот интерес за продлабочување на соработката


Целта на овие консултации е да се разменат информации за актуелната политичко безбедносна состојба и да се идентификуваат областите за натамошна интензивна соработка меѓу Македонското Министерство за Одбарана и Државниот секретаријат за одбрана на Соединетите Американски Држави.

Во денешните разговори меѓу Министерот за одбрана Владо Буковски и Џејмс Мегдугал заменик помошник секретар за Одбрана на САД потврден е заемниот интерес за продлабочување на билатералната соработка и за промовирање на меѓународен мир, безбедност и стабилност, како и развојот на стратешкото партнерство на Македонија со САД.

Од САД за македонската одбрана во рамките на програмите за спроведување на реформите за 2004 година наменети се седум милиони долари за поддршка на заеднички проекти.

„Почнувајќи од годинава воено - техничката соработка меѓу двете држави ќе биде насочена кон модернизација на специјалните единици на АРМ, ќе бидат насочени кон инвлолвирање на САД во еден од битните сегменти на реформите, а тоа конституирањето на персонален менаџмент кој ќе биде компатибилен на она што го бараат НАТО стандардите,“

Изјави македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски. Македониоја е во добар пат кон модернизација на својата обрана , а овој успех се повеЌе ја прибличува вашата земја кон члнството во НАТО изјави Џејмс Мегдугал заменик помошник секретар за Одбрана на САД

„Ние во САД ги подржуваме аспирациите на македонија за членство во НАТО и го чекаме денот кога Македонија и нејзините членски од Јадранската Повелба ќе станат членки на НАТО,“

изјави Џејмс Мегдугал.

Тој го потенцираше и придонесот на Македонија во глобалната војна против тероризмот и поддршката на операциите во Ирак.

„Македонија дава значаен придонес за враќањето на стабилноста во Ирак. Распоредувањето на сили од вашата земја во Ирак и Авганистан јасно ја покажуваат решноста на вашите лидери во борбата против глобалниот тероризам,“

рече Мегдугал.
XS
SM
MD
LG