Достапни линкови

Недозволива ситуација


Како и во изминативе година за време на изборите во земјава како ништо друго и да не се случува собранието не работи сите обврски се одлагаат или се ставаат во состојба на мирување

„Изборите во Македонија, нивното подготвување и изведување и караниците што следуваат после тоа ни одземаат најмалку меѓу два, до два и пол, некогаш можеби и три месеци,“

коментира директорот на Транспарентност македонија Зоран јачев. Тој вели Годинава, со прерседателските и локалните избори загубеното време скапо ќе чини:

„Годинава веројатно е клучната или една од клучните во реформските и евро-интеграциони процеси. Бидејќи, завршуваме со спроведувањето на рамковниот договор, аплицираме за членство во ЕУ, имаме еден куп реформи што треба да се спроведат.“

Вината за блокирањето на инситуциите на системот, замирањето на сите други активности во државава не треба да се бара во изборите кои треба и мора да ги има, туку во политизацијата на земјата:

„Толку е капацитет на нашата дневна политика. И опозицијата и позицијата, тие толку може да поднесат.“

вели публицистот Исо Руси. Неработата на Собранието за време на кампањата се објаснува од заштита на употребата на говорницата во закјонодавниот дом во предиборни цели. Ова објаснување воопшто не држи вели Јачев:

„Од едноставна причина. Говорницата во собранието не е единсвеното место што може да се злоупотреби во државата. Сведоци сме секој ден на злоупотребување на други говорници, за време на митинзите на партиите од сите. Ако треба да се бира меѓу злоупотребување на говорницата и блокирање на државата, мислам дека би го избрал првото, а би се погрижил да се создадат норми со коешто ќе се спречи злоупотребата на говорницата, а со тоа и блокирањето на државата.“

Како можно решение тој го посочува деловникот на Собранието со кој може да се заштити злоупотребата на парламентот, но и професионализација на Државната Изброна Комисија. Во меѓувреме, со најавите на премиерот и воедно претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски дека доколку не победи на изборите за шеф на државата ќе се повлече од премиерското и лидерското место во партијата, роковите на оддолговлекување дополнително се зголемуваат оценува Исо Руси:

„Со тоа значи дека и парламентот којшто сега ги замрзна активностите нема да работи до тогаш, ќе се бави со изборот на новата влада, и сето тоа ќе ги остави на страна суштествените работи со кои требаше да се бави и владата и парламентот. Реформите, соочувањто со нашата економска реалност, со социјалните тензии кои можат да ни предизвикаат многу големи проблеми.“
XS
SM
MD
LG