Достапни линкови

Прв чекор, на тешкиот пат до ЕУ


По доставувањето на апликацијата за членство на Македонија во Европската унија Советот на министри е првата институција која треба да ја разгледа и да даде првична оценка, посочуваат експертите:

„По основачките догвори, најпрвин Советот на министри ја разгледува апликацијата. Потоа се добива согласност од европскиот парламент. Советот на министри треба со консензус да ја прифати апликацијата, а парламентот со мнозинство гласови. Дури потоа следува анализата, исполнувањето на услови итн. Тоа се пренсува во надлежност на Комисијата. Таа ги снима состојбите колку напредуваме по сите параметри,"

вели Трајан Бендевски, професор по право на Европска унија на Правниот факултет кој информира во која фаза следи доставувањето на прашалникот до земјава во кој ќе треба да се дадат одговори за достигнувањата во сите области:

„Откако ќе мине преку Советот ќе се испрати прашалникот и тој ќе служи како основа за разговори со комисијата."

Бендевски додава дека постои можност и апликацијата да биде одбиена. Во оваа насока, вели тој, можно е тоа да биде Грција, бидејќи со нив не е решен спорот за името на Македонија

„Кажав дека со консензус мора сите овие фази да бидат прифаќани. Во Советот на министри учествува и министерот од Грција. Сега, во минатиот состав Грција беше наклонета и повеќе пати ја декларираше спремноста дека ќе ја поддржи кандидатурата за членство на Македонија, како ќе се одвиваат понатаму работите, сигурно дека за тоа ќе бидат поставувани услови. Нема да ни биде лесен патот и дури и да се добие позитивно светло ќе се бараат отстапки од Македонија, до која мера ќе бидат тие отстапки, до која мера се можни, тешко е сега да се одговори."

И од Европската унија посочуваат дека при евентуално прифаќање на апликацијата пред Македонија е долг пат:

„И во рамките на сето ова ке се оценува и имплементацијата на рамковниот договор, потоа дали Македонија ги исполнува критериумите од Копенхаген кои се воспоставени и важат за сите земји, а тие подразбираат стабилност на институциите, владеење на правото, почитување на човековите права, заштита на малцинствата, функционирање на пазарна економија и слично,"

изјави Шина Томсон портпарол на Европската унија.
XS
SM
MD
LG