Достапни линкови

Балкански лидер, кој го покажа патот


Балкански лидер, кој го покажа патот, е насловот на текстот во весникот Интернешнл Хералд Трибјун, посветен на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, во кој свое лично видување дава Мелита Габриќ, советничка на словенечкиот претседател.

Последната меѓународна воена мисија се повлече од Македонија, каде што најнапред Обединетите Нации, па НАТО и Европската Унија распоредуваа сили за спречување на конфликтот. Минатиот четврток беше уште еден клучен момент на македонскиот пат кон стабилност и обнова, кога требаше да биде поднесена кандидатурата за членство во Европската Унија. Но, се случи трагедија, авионот со македонскиот претседател Борис Трајковски и неговата делегација која требаше да присуствува на меѓународната конференција за инвестиции во Босна, тоа утро се урна. Кога разговарав со претседателот Борис Трајковски во Скопје последниот пат, тој ми раскажуваше детали околу неговите напори да ги седне заедно на преговарачка маса претставниците на албанското малцинство и македоснкото мнозинство за време на конфликтот во 2001-ва година, ги пренесува Интернешнл Херлад Трубјун личните импресии на Мелита Габриќ, советник на словенечкиот претседател. Трајковски се нарекуваше соло ирач и човек кој немаше двоумење дека е неопходно да се најде политичко, а не воено решение за конфликтот. Беше истраен на таа солуција и покрај притисоците од радикалните елменти и од двете страни, како и од тогашниот премиер Љупчо Георгиевски, кој се залагаше за воено решение на кризата, па дури формираше и негова пара-воена група, наречена Лавови, се вели во написот. Луѓето на Балканот секогаш се сомничави околу компромисите, а јавното залагање на Трајковски за концесии за албанците, беше акт на политичка храброст. По таквиот потег, НАТО и Европската Унија активно се вклучија во медијаторски активности за спроведување на планот на Трајковски, што доведе до потпишување на Охридскиот договор. Не помалку важно е што меѓународната заедница се вклучи и во спроведувањето на договорот, улога која мора да продолжи, меѓу другото и поради смртта на претседателот Трајковски. За разлика од Хрватска, Босна и Косово, македонското искуство на избегнување на ескалацијата на конфликтот покажува дека со навремена и конкретна акција може да се спречи граѓанска војна, а Македонија имаше среќа да има лидер кој успеа да го стори тоа преку постоечките институции. Сега е клучно да продолжи спроведувањето на Охридскиот договор, бидејки сите закани сеуште не се надминати, а разликите меѓу двете најголеми етнички групи во земјата сеуште се големи. Од особена важност е што 87 насто од граѓаните на Македонија се за членство во Европската Унија, што беше и стратегиска определба на Трајковски. Македонскиот народ треба да избере негов наследник кој ќе ја држи земјата на патот на стабилност, економска обнова и меѓу-етничка толеранција, а Европската Унија да ја превземе одговорноста за продолжување на процесот за интеграција на Македонија во Унијата, оценува Мелита Габриќ, советник на словенечкиот претседател во написот во Интернешнл Хералд Трибјун.
XS
SM
MD
LG