Достапни линкови

Различни реакции на политичките партии


Денешните протести организирани од ДПА во знак на несогласување со владниот предлог за новата територјална подлба, односно градот Скопје се преуранети бидејки законот сеуште е во прва фаза и не се изцрпени сите можности за изнаоѓање прифатливо решение за сите, сметаат во останатите албански политички партии до кој ДПА упати покана да им се приклучат на протестите.

„Мислам дека ова е прва фаза на донесувањето на законот, така што нашите забелешки или тоа што мислиме дека треба да се корегира во иднина, дали за општините во Скопје или надвор од Скопје, треба тоа да го правиме во влада, во собранието а не на улица,“

изјави Рафиз Алити од ДУИ кои истотака како и опозиоционата ПДП негативно одговорија на повикот на ДПА за приклучување кон оие протести

„Мислам дека не се исклучени другите патишта за ова да дојде до израз. Мислам дека сеуште има институционални можности да се дојде до прифатливо решение за Албанците во Република Македонија,“

изјави Абдуљади Вејсели.

Што се однесува до македонските политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ тие со различни ставови по ова прашање. Ѓорѓи Трендафилов смета дка денешните протести од ДПА се потикнати од однесуањето на актуелната влада:

„Протестите се поттикнати од однесувањето на владата и ги сфаќам како поддршка на предлогот за територијална организација, така што не сум изненаден што ДПА организира демонстрации.“

Во овој момент најмалку е потребен на овој начин да се искаже несогласувањето со новата територјална организација бидејки законот сеуште е во прва фаза вели Јани Макрадули од СДСМ.

„Маршот не може да биде механизам како некој сака да го искаже ставот. Сеуште е кревок начинот на размислување во однос на територијалната поделба и мислам дека ова може да му наштети на целиот процес, а не да придонесе.“

Инаку, барањето на ДПА во однос на предлог законот за градот Скопје гласи:

„Бараме да се вратат во границите на градот Скопје општините: Кондово, Сарај, Студеничани, Арачиново, па и сите други општини коишто се издвоија од градот Скопје.“

изјави потпретседателот на ДПА Мевљан Тахири.
XS
SM
MD
LG