Достапни линкови

Слободата на говорот е суштината на демократијата


Живиот ѕид околу собранискиот спикер, претходно врева и свирчиња, транспаренти и атмосфера во која досега не сме навикнале да ги гледаме народните избраници за своја основа ја има аргументацијата на опозицијата дека се попречени да говорат и да ги искажат своите аргументи, во случајов против легализацијата на тетовскиот универзитет. Слободата на говорот е суштината на демократијата, вели филолог Валериј Софрониевски зборувајќи за почетоците на парламентарната демократија:

„Во стара Атина во лулката на демократијата, моќта на зборот, моќта на говорот, на аргументот, моќта на убдеувањето била крената на највисок пиедестал, а самото убедување, претставено и со божица на убедувањето, било спротиставено на барбарскиот свет, во кој владеело силата, насилството и измамата.“

Со ова се согласува и поранешниот председател на парламентот Саво Климовски кој вели:

„Било какво ограничување на пратениците за изјаснување по витални прашања би значело атак на суштината и на значењето на парламентот, којашто тргнува од зборот парларе, што значи да се зборува и да се објаснува.“

Притоа, не треба да се заборави политичката култура:

„Вистинската демократија бара висок степен на респектирање.“

Иако позната во другите парламентарни демократии сликата и пораката Што се испраќа од македонското Собрание ја наложува потребата од враќање на достоинството во законодавниот дом, вели Рената Десковска, професор на правниот факултет која се залага за промена на собранискиот деловник во функција на промовирање ефикасен парламент:

„Но, од друга страна ќе воведе одредби со коишто ќе се заштити правото на говор од страна на опозицијата.“

Во меѓувреме историјата подучува моќта на зборот и аргументот беше причината:

„Која Атина ја доведе и физички и духовно до најмоќната град-држава во своето време.“
XS
SM
MD
LG