Достапни линкови

Штрајкот на машиновозачите ставен во мирување


Најавениот за денеска штрајк на машиновозачите во попладенвните часови е ставен во мирување. Причината е дел од барањата на независниот синдикат се исполнети:

„Штрајкот е ставен во мирување. Причината е постигнатиот договор меѓу менаџерскиот тим и синдикатот, и исполнување на дел од барањата.“

вели Љатко Јовановски претседател на независниот синдикат на машиновозачите во „Македонски железници“. Останува нерелаизирано барањето за исплата на заостанатите две ипол плати. Едната половина од третата неисплатена плата железничарите ја добија во текот на вчерашниот ден:

„Доколку до крај на месецот не ни се исплати плата за ноември, штрајкот ќе биде реактивиран.“

Според Јовановски практиката во македонски железници покажува, доколку сакате да го добиете она што законски ви следува мора да се заканите со организирање на штрајк во спротивно менаџментот ќе заборави на обврската посебно кога се работи за исплата на плати:

„Стално е така во Железници, до сега секогаш така одело, мора да се најави штрајк за да се оствари нешто.“

Она што е сигурно е дека штрајкот ќе биде во мирување и истиот во секој момент ќе се активира доколку неисплатените плати во договорениот период не легнат на сметките на вработените.

„Нема веќе на збор.“

Ставот на менаџментот на „Македонски железници“ е дека не е во ред да се носи одлука за прогласување на штрајк за две заостанати плати, со оглед на фактот што од доаѓањето на оваа раководна структура во железници редовно се исплаќани месечните примања.
XS
SM
MD
LG