Достапни линкови

Џефри Бингер, шеф на канцеларијата на меѓународната комисија за исчезнати лица. Политичката волја основа за решавање на случаите со исчезнатите


Господине Бингер меѓународната комисија за исчезнати лица неодамна обзнани дека не е задоволна од напредокот на македонските државни органи во однос на утврдувањето на судбината на лицата по кои се трага од времето на кризата во 2001 година. Зошто почуствувавте потреба за првпат јавно да ги критикувате македонските власти за инертност во истрагата за овие случаи?

Пред се затоа што тоа е дел од нашата работа, помогањето на владата подразбира и нејзино поттикнување кога таа не прави ништо за решавање на работите. Второ, пред тоа соопштение претседавачот со комисијата испрати писмо до премиерот во кое беа нотирани сите работи што владата вети дека ќе ги направи, сите обврски што таа ги презеде пред семејствата на исчезнатите и не ги исполни. Во писмото се бараше да се преземат конкретни чекори, но на него немаше никаков одговор. Потоа е направена проценка на тоа што е направено и за жал проценката беше дека нема напредок, една година сме тука но напредок нема.

Една од вашите забелешки беше и незаживувањењто на договорената владино парламентарна комисија која како предлог помина во собранието. Аргументацијата на владата беше дека нема причина од инсистирање на таква комисија кога опозицијата не се согласува во неа да учествува. Затоа е договорено во август ако не се лажам формирање независно тело со двајца национални координатори. Објаснете ги причините за ова
Идејата за таа комисија која помина во парлеметнот на хартија е мртва. Но онба што е важно е не е прашањето дали тоа ќе биде парламентарна комисија или владина туку е важно тоа биде национален процес со неколку аспекти. Прво важно е тој да биде надвор од МВР и сите институции кои се бават со криминал. Нам ни е потребно тело кое ќе се фокусира само на тоа што се случило. Само на тоа, каде се луѓето, што се случило, ако се живи да се пронајдат ако се мртви да се откријат нивните тела. За фуункционирањето на ова тело е неопходно да имате представници на заедниците кои се инволвирани, во случајот со Македонија тоа се Македонци и Албанци. Тоа можат да бидат само двајца координатори. Тие не треба да се грижат што политичките партии прават, тие треба да се грижат само за решавањето на случаевите, што во овој случај значи доаѓање до одговор за судбината на луѓето. Другиот аспект на решавањето на случаите е криминалниот и тој останува на надлежните институции Минситерството за внатрешни, судовите обвинителството. Националните координатори треба да бидат точката каде ќе се фокусира се поврзано со исчезнатите. Тие ќе ја информираат директно владата а воедно Ќе бидат врската со семејствата. Значи тие ќе бидат местото каде ќе се слеваат сите информации и од каде ќе се координираат активностите, наместо како што е досега одреден аспект на случаевите да се работи во МВР некој друг во друга инситуција или во поранешната парламернтарна комисија за која знаеме дека не беше успешна. Затоа е важно ова тело да се формира.

Очекувате ли на предстојната средба кај председателот Трајковски на која е најавено учеството на роднините и на премиерот, министерот за внатрешни и лидерот на ДУИ Али Ахмети ова национално тело да биде формирано односно да бидат назначени двајца национални координатори?

Не гледам причина зошто тоа не би било сторено. Би ве излажал ако кажам дека сум оптимист бидејќи немаше причина тоа да не биде сторено и досега па ете сепак не се случи. Но ете да речеме дека очекуваме такво нешто на оваа средба

Ова ве прашувам затоа што и од семејствата а и од вашата канцеларија не се кријат очекувања за некакви резултати од предстојната средба. Какви резултати всушност може да има?

Мислам дека семејствата се надеваат на заклучоци кои всушност би биле конечно одговори. Но, искуството на комисијата за исчезнати е дека никогаш немало таков состанок на кој некој едноставно ќе дојде и Ќе го даде конечниот одговор за судбината на исчезнатите. Така што она на што ние се надеваме е договор за конкретни акции што ќе ги преземе владата во овој процес и при тоа со времески рокови. Тука не мислам на рок за доаѓање до одговорот, затоа што не можете да давате ветувања кои не знаете дали можете да ги исполните но на пример може да се преземе обврска дека за 14 дена ќе се даде извештај што овие национални координатори сработиле за тоа време и до каде стугнале во истрагата. Тоа е особено важно за семејствата. Важно е и за јавноста но најважно им е на семејстватата кои имаат впечаток дека ги лажат веќе две и пол години. Значи, неопходно е да се договорат конкретни чекори и владата треба да ги направи. Она што ние би сакале да видиме е назначувањето на овие двајца национални координатори затоа што тогаш ние можеме да почнеме со нив да работиме на техничките аспекти. За нас тоа би бил голем чекор напред бидејќи владата ќе демонстрира нешто поконкретно отколку да одржи само уште едне состанок.

Во една прилика изјавивте дека вашето искуство говори оти власта секогаш се обидува постконфликтната состојба да ја држи што подолго заради политички интереси. Дали средбите што се одржуваат кај председателот со со семејставата на кој учествува државниот врв го потврдуваат тоа. Демонстрација на воња која практично завршува со самиот состанок
Не е можно да се избегне овој тип на состаноци да немаат политичка димензија, што секако не помага. Нема начин тој да се деполитизира ако се одржува на тоа ниво. Тоа секаде е така. Затоа и ние сакаме да се тргнеме од таа димензија, да се востанови деполитизирана канцеларија. Го употребуваме терминот координатори терминот не е важен важно е што семејствата Ќе почнат да работат со таа инситуција
Мислите ли дека тука е клучот, дека со националните координатори ќе тргне работата.

Ние навистина многу би сакале да бидат назначени национални координатори но клучната работа е да постои политичка волја. Владата треба да се ангажира, да покаже волја работите да се приодвижат, и да престане да го бутка проблемот под тепих надевајќи се дека тој ќе исчезне. Пресвртна точка во сите земји каде имало вакви случаи е моментот кога владата без оглед дали е инволвирана во настаните кога тие се случувале или не, ќе донесе решение дека овој проблем треба да се реши. Тогаш тој се затвора, се е готово и може да се тргне напред. Но тоа не е можно додека владата не ја донесе таа одлука и не ги преземе неопходните чекори.

Според ова заклучувакм дека таква политичка воља не постои, буткањето под тепих не престанало?

Мислам дека одговорот мора да биде- Не. Затоа што не се доближивме до одговорите. Две и пол години од настаните, една година од доаѓањето на новата влада сеуште немаме никакви одговори. Така што одговорот на вашето прашање мора да биде- не, таква волја не постои или барем не постои потребната политичка волја. Можеби во одредени делови на власта ја има, но сигурно дека ја нема доволно.
XS
SM
MD
LG