Достапни линкови

Во Ал Каеда се издигнува третата генерација терористи, мрежата сеуште оперира


Според извештајот на експертите на Обединетите Нации во Ал Каеда се издига третата генерација терористи и мрежата продолжува да оперира во светот со висок степен на мобилност и финансиска подршка. И покрај успесите во пробивањето на некои ќелии, експертите велат дека групата е се уште закана за меѓународната безбедност. Во извештајот ,исто така, се наведува дека не се најдени докази оти Ал Каеда е поврзана со бившиот режим на Садам Хусеин во Ирак.

Во извештајот на пет-члената група експерти на Обединетите Нации се наведуваат загрижувачки заклучоци, според кои, Ал Каеда и натаму е сериозна закана за меѓународната безбедност. По последните терористички напади во Саудиска Арабија, Чеченија, Мароко и Авганистан преседавачот на групата експерти Мајкл Чендлер вели дека новата генерација на Ал Каеда стоји зад нападот во Мароко каде што загинаа 41 лице.

„Ние сега гледаме дека во случајот на Мароко оти ниту едно лице инволвирано во тамошните напади било во близина на Авганистан. Тие прибираат луѓе со иста идеологија и оперираат на ист начин.“

Според овој извештај, активни се и членовите на старата генерација и тие се вмешани во нападот на странските објекти во Ријад – Саудиска Арабија каде што загинаа 34 луѓе, меѓу кои и 8 американци. За Ал Каеда нема докази дека била поврзана со бившиот ирачки режим како што изјавуваат американски официлајни лица и за тоа се наведува дека ќе треба да биде истражено од коалиционите сили кои сега се во Ирак но Ал Каеда е, велат, активна во Иран и контактира со Иранските власти. Терористичката група континуирано е финансирана од фондови чие потекло на пари е од дрога, но и од лажни добротворни цели и богати донатори. За прв пат на листата на Ал Каеда се спонува име на чеченец и преседавачот на групата експерти на Обединетите Нации Мајкл Чендлер вели дека постоји врска меѓу Ал Каеда и чеченските бунтовници кои презедоа серија самоубиствени напади врз руските позиции. Тој повика на ригорозна контрола на оружјето за масовно уништување додека чилеанскиот амбасадор Хералдо Муњоз и на исполнување на обврските на државите за контрола на патувањата и фондовите на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG