Достапни линкови

Стандардна полициска акција


Акцијата на министерството за внатрешни работи која се случи вчера во скопската населба Ченто е стандардна, а нормално е во такви случаи да има реакции од јавноста, изјави Ѓунер Исмаил член на Советот за безбедност.

„Тоа е една стандардна полициска акција и во таа смисла реакциите и возбудата кај јавноста се очекувани, јас спосакувам само многу често да не се случува тоа и да биде еден редок инцидент, бидејќи знаете и во најмирните држави на светот, се случува да дојде до конфликт меѓу полиција и оние коишто го прекршиле законот.“

Притоа тој смета оти во вакви акции на министерството мора да се има во предвид реформата во полицијата

„МВР е очигледно во фаза на усвојување на нов начин на работа, на некои нови методологии на работа, и во таа смисла се забележливи некои конфузии што се случуваат, како во акцијата во Сопот. Во таа смисла треба да му се даде можност и време на МВР во најтесна соработка со гарантите на мирот.“

Токму оваа соработка вели Исмаил е од големо значење за воспоставување и одржување на редот и мирот, и безбедноста во земјава.

И претставниците на меѓународната заедница во земјава сметаат оти станува збор за класична полицициска акција и дека има чиста ситуација, бидејќи како што велат, лишено е од живот лице кое е криминалец. Портаролот на ОБСЕ Волфганг Гревен за вчерашниот случај вели:

„Ние мора да ги собереме сите информации, имаме тим на набљудуважи на теренот, а и претставници на конкордија се таму и ке почекае да видиме што ке кажат тие за да имаме финален извештај. Ние имаме разбирање за активноста на полицајците, бидејки биле во лоша позиција, биле жртви. Сега треба да продолжи истрагата. А криминален акт е случувањето во Аричново не може да земате заложници кога сакате и тоа го осудуваме.“
XS
SM
MD
LG