Достапни линкови

Сеуште не се знае датумот за старт на предавањето на оружјето


Законот за доброволно предавање на нелегалното оружје во македонското обрание беше донесен пред две недели, но се уште не се знае датумот кога ќе започне предавањето на оружјето.

„За датумот кога ќе отпочне доброволното предавање на оружјето одлука ќе донесе Националната комисија којашто треба да се формира. Таа ќе одлучи како ќе започне кампањата, а се очекува со спроведувањето на Законот да се стартува некаде кон крајот на септември. Значи, денот – па од тој ден 45 дена“

Изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска. Националната Комисија сеште се формира а оружјето во поранешните кризни региони и речиси целата територија на државата не мирува. Последниве неколку дена регистрирани неколку вооружени инциденти, а грабежите и малтретирањето на локалното населени веќе стана дел од секојдневниот живот, посебно во тетовскиот регион. Радивое Јовановски државен секретар во МВР објаснува

„Не би требало да брзаме без да ја подготвиме јавноста дека навистина доволно сме се убедиле сите дека може да се собере оружјето во периодот што се предвидува со законот“

Процесот за доброволно предавање на нелегалното оружје треба да се забрза смета професорот Димитар Мирчев.

„Таа национална машинерија за имплементирање на законот треба што побргу да се воспостави, но исто така е многу важно, особено во врска со инцидентите што ги имаме, да се дејствува во јавностса, да се остварат голем број на контакти со невладините организации, локалната самоуправа, месните заедници, со повлијателните луѓе од селата итн., дека е ова единствено решение за создавање на мир, за стабилизација на поредокот во Македонија кој моѓе да им користи на сите граѓани“.
XS
SM
MD
LG