Достапни линкови

Во потрага по вистински мир


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во јорданското пристаниште Акаба разговара со премиерите на Израел и на Палестинците Ариел Шарон и Махмуд Абас за начините за спроведување на мировниот план познат како пат на мапата за мир на Блискиот Исток. Буш пред заедничките разговори со двајцата премиери имаше одвоени средби со нив. На вчерашната средба со арапските лидери во Египет, американскиот претседател доби поддршка за мировниот план и уверување дека тие ќе сторат се за да ги спречат терористичките групи на Блискиот Исток. Претседателот Буш повтори дека дојде време за создавање Палестинска држава:

„Ние бараме вистински мир, не само пауза меѓу повеќе војни и интифади, туку постојано помирување на Блискиот Исток.“

И израелската страна изразува оптимизам дека би можело да се најдат начини за постоење палестинска држава.

„Кога визијата ќе стане ултимативна цел, верувам дека ќе можеме да најдеме правилен пат да ја постигнеме таа цел.“

Изјави во Акаба Раанан Гисин - портпарол на израелскиот премиер Ариел Шарон. На денешниот самит во Акаба не е поканет долгогодишниот палестински лидер Јасер Арафат. Тоа веднаш беше критикувано од премиерот Махмуд Абас. Во интервју за американската телевизија Еј-Би-Си Абас изјави дека со Арафат не смее да се постапува на таков начин.,,Арафат и натаму е симбол на палестинскиот народ кој го избра за претседател. Јас сум само дел од извршната власт,, - рече Абас.
XS
SM
MD
LG