Достапни линкови

Владата негира дека е причина за заладените односи со Трајковски, во ВМРО-ДПМНЕ воздржаност


Додека во кабинетот на претседателот Борис Трајковски се разгледува оставката на Доста Димовска од функцијата директор на агенцијата за разузнавање, владта негира дека таа е причина за заладените односи на релацијата претседател – премиер.

„Владата не ја обвини Димовска за заладување или прекин на односите влада – претседател на држава, владата за тоа го посочи чинот на аболиција којшто претседателот Трајковски го даде на директорката Димовска. Инаку, владата нема никакви ингеренции во именувањето на директорот на агенцијата за разузнавање, овие ингеренции се во директна надлежност на претседателот на државата,“

изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски. Во СДСМ посочуваат дека поднесувањето на оставка е личен чин:

„Така ја разгледуваме и оставката на Доста Димовска. Она што за нас е премногу сомнителни и симптоматично е образложението што таа го дава, кое е буквално идентично препишано од говорот на претседателот Трајковски пред пратениците на Собранието. Очекуваме дека новиот директор на агенцијата којшто е во мадлежност на претседателот на републиката ќе биде назначен многу скоро,“

рече Игор Ивановски портпарол на СДСМ откако Димовска во писмото до претседателот Трајковски како причина за нејзината оставка ја наведува непреимерната кампања што се водела против неа за нејзина политичка дискредитација и елиминација. Иако, настојував ваквата хајка врз мене да влијае на работата на агенцијата не е можно тоа да го сторам и во иднина, оттаму сметам дека е нужно мое повлекување од местото директор на агенцијата со што очекувам дека ќе се создадат услови за нејзино функционирање без притисоци, вели Димовска во писмото.

Во меѓувреме, во матичната партија на Димовска ВМРО-ДПМНЕ воздржани:

„Па во моментов не би можеле да дадеме поширок коментар затоа што ги немаме потребните информации,“

изјави Владимир Ѓорчев.

Во контекст на шпекулациите дека по нејзиното заминување од функцијата Директор на агенцијата за разузнавање таа би можела да се врати на раководна функција во партијата, Ѓорчев вели:

„Во моментов не се размислува за такво нешто.“
XS
SM
MD
LG