Достапни линкови

Георгиевски дефинитивно нема да се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Партиите од владеачката коалиција за сега немаат направено анализа како врз политичката сцена во Македонија во перспектива ќе се одрази потегот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, кој вчера на ИК пред членовите на таа партија потврди оти нема да се кандидира за нејзин претседател. Оваа одлука на Георгиевски ја соопшти портпаролот на партијата Влатко Ѓорчев, притоа несоопштувајќи ги причините за овој потег што беше претходно најавуван:

„Господинот Георгиевски кажа дека тој нема да се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дека таа негова одлука е конечна и дека во врска со причините за неговата оставка дека тој ќе најде начин, односно дека ќе го запознае членсството на партијата и целокупната македонска јавност.“

Портпаролот Ѓорчев, пренесувајчи го Георгиевски рече оти тој на членовите на партијата им ја оставил можноста од слободен избор за тоа кој во иднина ќе се кандидира за функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Повлекувањето на Георгиевски од кандидатурата, во седиштето на партиите од власта СДСМ и ДУИ не го коментираат порати оценката оти тоа претставува внатре партиска одлука. Социјал демократите уште посочуваат дека за ефектите на овој потег врз политичката сцена може да биде направена анализа откако ќе станат појасни работите, како на пример кој ќе ја предводи таа партија и кои се причините поради кои Георгиевски се повлекува од функцијата. Во ПДП се согласуваат дека потегот на Георгиевски е прашање на негов избор, но Исмет Рамадани смета оти на неговото повелкување од челната функција може да се гледа и пошироко:

„Во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои навистина би можеле по мое мислење уште подобро, многу многу подобро да ја водат партијата. Таму има луѓе кои се поумерени, луѓе кои не настапуваат радикално, не настапуваат со анахрони идеи. И јас мислам дека лично добро е и да се повлече од челното место во таа партија.“
XS
SM
MD
LG