Достапни линкови

Оценките неприфатливи за европската мисија


Осуда за неодговорност и воздржаност се првичните реакции на најголемите политички партии за одлуката на ДПА која времени ги замрзна своите функции под образложение оти актуелната владеачка коалиција не ги спроведува обврските предвидени со Рамковниот договор. СДСМ оценува оти лидерите на ДПА Џафери и Тачи користејќи неприфатлива аргументација со оваа одлука всушност одбегнуваат да ја преземат одговорноста за своето работење.

„ДПА достигна кулминација на својата неодговорна и конфузна политика што во континуитет ја води, на чело со Џафери и Тачи. Ако продолжат да ја водат оваа политика ќе придонесат уште повеќе да бидат маргинализирани од македонската политичка сцена,“

вели портпаролот на СДСМ Игор Ивановски.

Потегот на Тачи и Џафери кои поднесоа оставки на функциите со што овозможија мораториум на сите активности, за сега останува без коментар во ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. А, во ПДП пак, упатуваат на можноста од синхронизираност на одлуката на ДПА со неодамнешната аргументација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски дека е потребно разграничување меѓу Македонците и Албанците преку размена на територии и население:

„Ако е тоа одговор на тезите пласирани од Георгиевски, мислам дека тука веќе е првата грешка во самиот факт што дури не оставија и време да се прокоментираат тезите на Георгиевски од страна на меѓународниот фактор,“

вели Исмет Рамадани.

Аргументацијата на ДПА оти не се спроведуваат обврските од Рамковсниот договор е неприфатлива и според портпаролот на ЕУ во Македонија Ирена Ѓузелова:

ги разбираме и не ги прифаќаме тие критикувања затоа што рамковниот договор се имплементира и мислам дека евиденцијата на теренот зборува самата за себе.“
XS
SM
MD
LG