Достапни линкови

Наместо поранешна југословенска, европска Република Македонија


Претседателот Трајковски е првиот лидер од западен Балкан кој им се обрати на пратениците во европскиот парламент во Стразбур. Тој им се заблагодари на Европската Унија и на НАТО за брзата интервенција и решавањето на македонскиот конфликт а посочи и дека треба да продолжат напорите за владеење на законите подобрување на економијата и борбата против криминалот. Во врска со проблемот со името со Грција Трајковски рече:

„Поранешна југословенска република Македонија. Тоа е вистински апсурд – оваа референца и акронимот ФИРОМ. Дозволете ми да предложам друга референца ,, Европска Република Македонија.“

Претседателот на Европскиот парламент Пат Кокс пак рече дека Македонија е еден од најгиолемите успеси на Европа.

„Во овој момент кога живееме со чувство дека европа не успеа да изнајде заеднички глас за ирачката криза во Обединетите Нации ние гледаме нa Македонија како на успех на ембрионалната заедничка и безбедносна политика на Европа.“
XS
SM
MD
LG