Достапни линкови

Значаен придонес за битката за Багдад


Сојузничките сили го отвораат северниот фронт во Ирак пред престојната битка за Багдад. За можниот развој на ситуацијата за РФЕ зборуваат двајца британски воени аналитичари.

Коалиционите сили се подготвуваат за масивен напад на копнени трупи врз Багдад. За таа цел американците преку воздушен лифт се стационираат во автономната курдска област на северот на Ирак отворајки го на тој начин северниот фронт. Во исто време ирачките позиции на демаркационата зона со курдската територија кај Киркук и Мосул се наоѓаат под континуирани воздушни напади. Како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа, по се изгледа Вашингтон решил да ги завземе Киркук и Мосул и големите нафтени полиња во околината. Ели Голдсворти од лондонскиот Кралски институт за одбрана смета дека коалиционите трупи во северен Ирак се значаен придонес кон престојната битка за Багдад.

„Сметам дека на еден или на друг начин овие трупи ќе бидат елемент на изненадување, без ралика дали е тоа диверзија или измама. Тоа во секој случај ке биде проблем со кој Садам Хусеин ќе се соочи кога ке се случи битката за Багдад.“

Голдсворти верува дека подрачјето на северен Ирак е арена на големи воени подготовки во кои се инволвирани специјални сили а можеби и воздушни трупи. Отворањето на вториот фронт во Ирак од соседна Турција, покрај Кувајт беше оригинален план на Вашпингтон, но по одбивањето на Анкара да дозволи разместување трупи на својата територија, Вашингтон размести бродови во Црвено Море од каде што беа истрелувани крстосувачки ракети врз цели во Ирак. Четвртата дивизија која требаше да влезе во Ирак од Турција се очекува да се размести во Заливот следниве денови. Американците рекоа дека имаат алтернативни планови за северниот фронт вклучувајки го и планот за влез на војници преку таканаречениот воздушен лифт. Аналитичарот на меѓународниот институт за стратегиски студии во Лондон, бивш британски офицер, Филип Мичел вели дека има неколку цели што ќе бидат остварени со овие сили во курдската област на северот.

„Со специјалните сили во тоа подрачје, Aмериканците ќе бидат во можност, користејки го знаењето на локалните Kурди, да преземат герилски напади, и уништувајки мостови и командно контролни места да го спречат соединувањето на ирачките војници во овој регион со Багдадското подрачје.“

Турција пак и натаму сака распоредување свои војници на курдската територија во северен Ирак поради стравот дека припадниците на работничката партија на Курдистан ке навлезат во Анадолија во Турција каде што повторно може да се разгори сепаратизмот кај многубројното курдско малцинство. Разместување на турски војници може да доведе до судири со курдите во Ирак и да им наштети на американските планови за паѓање на Багдад.
XS
SM
MD
LG