Достапни линкови

Убедување на НАТО дека границата е безбедна


Иако во Косово постојат екстремистички групи кои се трудат да го извезат екстремизмот надвор од рамките на покраината, НАТО денеска на македонската јавност и упати убедување дека со новите врски за безбеденост воспоставени меѓу алијансата и македонската влада, нашата граница е безбедна. Командантот на силите на НАТО во Косово, генерал Мини, за состојбата со екстремизмот изјави:

„НАТО е свесно дека во Косово многу активно делуваат екстремисти кои сакаат да иницираат насилство во прешевската долина и во самото косво но, ние воспоставивме многу добри односи со македонската влада воспоставувајќи нови врски за безбедноста долж границата со Македонија. Загрижени сме за она што се случува на границата и зад границите. Ние имаме докази за дејствување на екстремистички групи, но не добро организирани и распостранети. Тие не се постојана сила. Тоа се мали групи екстремисти кои, засега, не се организација или закана за вооружен бунт.“

Инаку од страна на командантот на јужното крило на НАТО, адмирал Грегори Џонсон, денеска официјално беше потврдено и дека мината од која минатиот вторник загинаа двајца војници на НАТО, а уште четири лица беа сериозно повредени е намерно поставена на патот меѓу селата Сопот и Сушево, велејќи

„Веруваме дека мината е намерно поставена за да предизвика смрт и повреди. НАТО ги осудува ваквите кукавички акти и нема да толерираме вакво насилство, задржувајќи го правото на смоодбрана во вакви ситуации. Овој инцидент нема да не оддлаечи од нашата мисија да донесеме мир, стабилност и владеење на правото во регионот.“

Има јасни докази дека патот бил многу прометен, дека многу конвои и возила поминале од таму тој ден, непосредно пред несреќата. Не знаеме со која цел и кој точно го сторил тоа, но знаеме дека тоа е грозен криминале чин.

Во врска со преземањето на мисијата на НАТО од страна на евросилите Џонсон изјави дека НАТО нема намера да се повлече од Макеоднија до крајот на ова година и ќе остане се додека македонската влада тоа го бара од него. Според Џонсон и по предавањето на мисијата на ЕУ Алијансата ќе продолжи да парципира во нашава земја, но со советодавна улога.
XS
SM
MD
LG