Шефот на тимот инспектори на Обединетите Нации Ханс Бликс денеска во Советот за Безбедност рече дека Ирак треба да биде во позиција да обезбеди повеќе информации за неговата програма за оружје. Бликс смета дека е важно да продолжат и разговорите со ирачките специјалисти за оружје, при што ја соопшти намерата тие да бидат испрашувани и надвор од Ирак. Според Ханс Бликс, Ирак ја интезивирал соработката со тимот инспектори на Обединетите Нации
„Не сакам да речам дека операциите на инспекторите се ослободени од пречки, но во овој момент ние сме во состојба да работиме професионално, како и да ја зголемиме воздушната контрола.“
Шефот на тимот инспектори информира и дека не се пронајдени докази за американските обвинувања дека Ирак крие забранети мобилни лабаратории. директорот на меѓународната агенција за атомска енергија Мухамед Ел Барадеј исто така повика на изведување разговори со ирачките научници надвор од земјата. Ел Барадеј рече дека истрагата не обезбедила докази оти Ирак имал намера да ги користи алуминиумските туби за изработка на забранетите ракети. Според Барадеј не се откриени индиции дека Ирак ја обновува својата нуклеарна програма.
„По 3 месеци инспекција ние не најдовме докази за обнова на Ирачката никлеарна воена програма.“
Шефот на германската дипломатија Јошка Фишер во расправата по извештајот рече дека мирољубивото разоружување на Ирак е јасна алтернатива на воената акција, која пак според сирискиот министер за надворешни работи Фарук Ал Шара би била нелегитимна и неправедна. Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека е задовелен што слушна дека е постигнат извесен прогрес во врска со ирачкото разоружување. меѓутоа Пауел рече дека Ирак се уште не соработува со Обединетите Нации. Ирак, изјави Колин Пауел мора да биде натеран на целосна согласност. Ирак ни досега не соработуваше ни доброволно ни активно туку само ке преземеше мали чекори кога ке беше соочен со можноста од употреба од воена сила. Ирак не соработува реално, заклучи американскиот државен секретар. Шефот на руската дипломатија Игор Иванов од своја страна се заложи за продолжување на инспекцијата во Ирак. Инаку оваа седница на Советот за безбедност се оценува како клучна по прашањето за можната воена интервенција против Ирак. Советот за Безбедност се состанува за прв пат на министерско ниво откако минатата недела Соединетите американски држави, Велика Британија и Шпанија поднесоа резолуција барајки авторизација за воена акција која би го принудила Ирак на разоружување.