Достапни линкови

Бесник Фетаи уапсен во Хрватска


МВР потврди дека синоќа на хрватска територија е уапсен екс министерот за Економија Бесник Фетаи кој е обвинет за спорната приватизација на НИП Нова Македонија. Во негово остуство изречена му е мерка питвор од 30 дена

„На излез од Република Хрватска во правец кон БИХ при извшрена контрола на возило од страна на хрватските власти е пронајдено лицето Б.Ф. за коешто Интерпол Скопје имаше распишано меѓународна потерница,“

изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска . Во тек е процдурата за негова екстрадиција вели Контевска.

„Во постапка е провераката на неговите документи, утврден е идентитетот меѓутоа сеуште се подготвуваат некои документи за екстрадиција.“

Од ДПА од чии редови доаѓа Бесник Фетаи молчат. Портпаролот Демуш Бајрами изјави дка инормацијата за приведувањетио на Фетаи ја дознал од новинарите.

Инаку во текот на вчерашниот ден поради упад во простоиите на Агенцијата за Инвестиции и Развој речиси пет часа на информативен разговор во полициската станица Карпош беше задржан екс директорот на ова Агенција Сашко Станинов. Од МВР сеуште без конкретно објаснување зошто Станинов беше повикан на иформативен разговор.

„Чекаме информација за тоа“

Причините за упадот во просториите на Агенцијата ги објаснува самиот Станинов кој тврди дека неправедно бил приеден од страна на полицијата:

„Јас сеуште немам направено примопредавање на целосната документација, ако документацијата исчезне дали ќе бидам воновен за тоа. Јас барам да се изврши целосен попис и утре иако сум предупреден од полициските органи дека не смеам да доаѓам на работа ќе се вратам со судски вонпроцески постапки, односно да ги обезбедам доказите согласно законот.“

И од партијата на Станинов, ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат намера да реагираат за вчерашниот случај со Станинов.
XS
SM
MD
LG