Достапни линкови

Владата и претседателот сеуште без заеднички став


Поддршката што македонскиот претседател Борис Трајковски и ја дава на американската позиција во дебатата за Ирак е несомнена. Тој неодамна изјави

„Имаме потполно разбирање за заканата што ја претставува режимот на Садам Хусеин. Ние сме свесни дека треба да се совлада режимот на Садам Хусеин, и тоа без одлагање“.

Македонија е подготвена да им даде активна подршка на меѓународните напори за решавцање на ирачката криза, но на прашањето за кава поддршка станува збор портпаролот на претседателот одговара

„Сега не разговараме ништо поконкретно околу тоа. Ова е политички став“.

Сево ова откако според пишувањата на медиумите едниствена земја од регионов која сеуште не одговорила на прашалниците исратени од Вашингтон за поддршка на можната воена интервенција е Хрватска. Владата во Загреб решава дали ќе дозволи користење на нејзиниот воздушен простор и снабдување на авионите со гориво што е првиот степен или најмал облик на подршка. Вториот степен подразбира можност сојузничките војници да можат да стапат на територијата на државата, третиот е дозвола за користење на воените бази, а четвртиот и највисок степен подразбира директно вклучување на земјата во воена интервенција еветуално и со свои војници за што би решавал хрватскиот сабор. И Додека американски војници се стационираат во Бугарија и Романија, на иста тема расправа собранието во Турција, а во Хрватска се дебатира за одговорот на Загреб на барањата од Вашингтон, во Македонија на оваа тема со одговор: никакво барање не сме добиле и инсистираме на ицрпување на сите дипломатски средства

„Доколку се отвори простор за воена опција и доколку од Македонија се побара учество во една ваква ситуација, тоа ќе претставува една нова политичка ситуација за којашто ќе одлучува владата и државниот врв на Република Македонија“.

изјави министерката за надворешни работи Илинка Митрева. Позицијата на Македонија во однос на Ирак е една од темите на претстојниот совет за национална безбедност, прв од конституирањето на новата власт што ќе се одржи в петок. Можеби тогаш владата и претседателот ќе излезат со усогласена и дефинирана позиција и за ова прашање. Во меѓувреме и ситуацијата околу Ирак причина повеќе за барањата за транспарентност во носењето на одлуките:

„Не само за одлуките што се битни или не се толку многу битни за земјата, дефинитивно е потребно секое транзиционо општество како и нашето македонско, да се отвори за јавноста, заради тоа што сопственоста над тие информации е на граѓаните, бидејќи со нивни пари работат министерствата и државните органи“.

вели извршниот директор на Транспрентност Македонија Зоран Јачев.
XS
SM
MD
LG