Достапни линкови

Симеон Гелевски, претседател на врховниот суд. Не можеме да бидеме задоволни од ажурноста на судството


Како прв човек на Врховниот суд каква е вашата оценка за ефикасноста на судството?

Генерално зборувано ние не можеме да бидеме задоволни со ажурноста и ефикасноста во нашето судство не заради тоа што судството не работи, туку затоа што имаме затечени состојби по кои е нужна и неопходна реформа на судскиот систем, не само персонален и во материјална смисла, туку исто така и во прописите што ги применува судството, особено процедурите и постапките. Од 95-та година наваму, имаме енормно зголемен број на тужби и судски предмети, уште повеќе што и со концептот од 95-та година ние се определивме за таканаречен единствен судски систем при што сите надлежности беа пренесени во основните судови, а специјализираните судови ги укинавме. Според тоа, основните судови се оптоварени со оргомен број предмети и тешко се справуваат со ажурноста.

Повеќе години во јавноста е присутна иницијатива за самостоен судски буџет. Како стојат работите на овој план?

Самостојниот судски буџет е услов за самостојност на судството. Тоа не само кај нас, туку и во сите земји е атакувано и во политички аспект и во економски аспект, што значи за судот да има политичка самостојност, условно речено политичка затоа што судството не се занимава со политика, туку релациите на судството виза ви законодавството и извршната власт, значи судтсвото треба да биде ослободено од секакво влијание. Тоа ние го обезбедивме нормативно, во уствот во законот за судовите и во другите прописи. Меѓутоа, за жал во економската сфера ние сеуште не сме самостојни и независни, туку директно сме буџетска институција која апсолутно нема никакво влијание ниту во креирањето, ниту во утврдувањето на досегашниот судски буџет. Значи, станува збор за економска зависност на судството во Македонија. Затоа, уште седум-осум години наназад се предлага и елаборира, изготвен е и елаборат за самостоен судски буџет во Република Македонија, мислам дека го има усвоено владата некаде во 1999 година. Оваа нова влада прави исчекор и го покренува прашањето за донесување, веќе е изготвена работна верзија, на закон за самостоен судски буџет од една страна. А, од друга страна и во законот за измени на републичкиот буџет е внесена одредба, неколку члена, во кои се увтрдува институционално едно тело, така наречено судски буџетски совет составен од репрезенти од врховниот суд, министерство за правда, републички судски совет и другите судови кои ќе партиципираат во предлагањето и изготвувањето и подготовка на законот за самостоен судски буџет.

Во последно време сме сведоци на интензивна борба против корупцијата. Можат ли судовите да одговорат на овој предизвик?

Судовите се организирани во тој дел и мислам дека ќе одговорат на предизвикот, меѓутоа со оглед на огромниот број предмети што ќе следи ќе мораме да дадеме приоритет во решавањето на овие предмети. Веројатно ќе биде еден од приоритетните сегменти во решавањето на судските предмети, токму предметите во областа на криминалот, на корупцијата.
XS
SM
MD
LG