Достапни линкови

Јавноста против војна во Ирак


Десетте земји од таканаречената Вилнус група деновиве упатија заедничко писмо на поддршка на американската позиција за Ирак. Претходно тоа го сторија и Полска, Чешка и Унгарија. Но неодамнешните испитувања на јавното мислење во повеќето од овие земји покажуваат дека нивните граѓани се спротивствуваат на воената акција врз Ирак.

Во писмото на Вилнус групата се додава и тоа дека Соединетите Држави во Советот за безбедност презентираа, како што се вели, целосен доказ за ирачките програми за оружје. Портпаролот на Белата Куќа Ари Флејчер ден потоа изјави дека претседателот Џорџ Буш е горд што ја има нивната поддршка.

„Претседателот денеска би сакал да им се заблагодари на десете земји од Источна Европа за вчерашната изјава на поддршка на американските напори за да се разоружа Ирак. Народите на Источна Европа добро знаат кои се опасностите и ризиците доколку и се дозволи на тиранијата да остане непредизвикана и тие се рамо до рамо со американскиот народ.“

рече Флејчер. Но, последните испитувања на јавното мислење предизвикаа сомнежи за тоа дали граѓаните на овие земји се тие што ја поддржуваатамерика или тоа едноставно го прават нивните влади. Галуп во минатиот месец изврши испитувања на јавното мислење во 41-на земја кои покажаа дека од десетте земји на Вилнус групата само во една процентот на населението кое ја поддржува воената акција против Ирак е поголем од она што не ја поддржува. Имено, во Романија 45 насто се за воено решние наспрема 38 кои се против. Поддршката на јавноста за воена акција е најниска во Македонија со 10 проценти, следи Бугарија со 21 и естонија со 30 насто. Од другите земји – во Унгарија дури 82 насто од населението се против воена акција. Тој процент во Чешка изнесува 67. Петр Друлак од прашкиот Институт за меѓународни односи вака ја објаснува разликата меѓу владините ставови и антивоените расположенија на некоја земја во регионот:

„Тоа е затоа што владите и политичките елити можат да го игнорираат популарното расположение . Тие можат да бидат сигурни во тоа и во случај да ја поддржат американската воена акција, нема да им се случат големи масовни демонстрации на улиците. Имено и покрај тоа што луѓето се против војната, нема за тоа да ја казнат нивната влада затоа што учествува во неа. Значи, владата во таквиот избор меѓу јавното мислење и заложбите за атлантска ориентација го одбира ова второто.“

вели Друлак.
XS
SM
MD
LG