Достапни линкови

Деновите кога политички агенди се промовираа со рачни гранати завршија


Веќе не е безбедно за оние што ќе се обидат да ја загрозат безбедноста на Балканот - војната во Македонија заврши, изјави амбасадорот на Соединетите американски држави во Македонија Лоренс Батлер.

„Нема да има пролетна офанзива. Луѓето кои сеуште се закануваат со оружје, како оној што синоќа се обиде да пука во мојот автомбил се само патетитчни губитници. Независно од тоа дали станува збор за Македонци или Албанци таквите луѓе се осудени на пропаст. Тие губитници кои се обидуваат да се закануваат врз безбедноста во регионот може се некое лице од Витина кое праќа факсови или пак некое лице од Прилеп кое исто така праќа заканувачки факсови. Но, деновите кога политички агенди се промовираа со рачни гранати завршија.“

Порача амбасадорот на САД во Македонија. Пред Македонија е период кога таа земја започнува да станува извозник на стабилност на Балканот - оценува Батлер. Според него нема простор за потврда на шпекулациите од типот дека двете најголеми опозициони партии ВМРО - ДПМНЕ и ДПА се можеби вмешани во активностите со кои деновиве се прават обиди да биде нарушена безбедносната ситуација.

„Не гледам супстанциаја во шпекулациите за органзирани активности. Ќе има луѓе со оружје како оние во Гостивар кои убија странски држвјанки или како оние кои се обидуваат да испукаат некој куршум врз некое од седиштата на политичките партии, но ова е работа за полицијата. Таа треба да ги најде сторителите и да ги фрли таквите поединци во затвор. Нема амнестија за овие,“

рече Батлер. Одговарајќи за можноста лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој беше ставен на црната листа на претседателот на САД Џор Буш да биде симнат од неа, тој забележа дека во Македонија прашањата за Ахмети, пролетаната офанзива и црната листа како да доаѓаат во пакет.

„Али Ахмети сеуште се наоѓа на таа листа. Тоа е одлука која може да ја донесе и да ја смени само преседателот Буш. Но, од потпишувањето на охридскиот договор во Македонија, Али Ахмети даде свој придонес кон вракањето на стабилноста во Македонија. Но, јас не сум во можност да предвидам дали и кога Ахмети може да биде симнат од црната листа.“
XS
SM
MD
LG