Достапни линкови

На повидок ново несогласување


Согласно постигнатиот договор меѓу државниот врв и преставниците на „Лавовите“ Бладата на вчерашната седница донесе одлука:

„Се укинува натамошното постоење на единицата за брзи интервенции „лавови“ и во рамките на МВР се формира единица за антитероризам во рамките на одделот за полиција“

Изјави министерот за Внатрешни Работи Хари Костов кој инфомираше дека Комисијата за решвање на останатите обрзки од договорот веќе работи

„Комисијата е формирана од страна на МВР, исто така формирана е група од страна на единицата „лавови“ во којашто влегуваат сите команданти на чети и тоа е заедничка работа на тие две комисии“

Но со ова не се согласуваат припадниците на Лавовите

„Комисиите можеби се направени, меѓутоа, еднострано, од нивна страна и доколку МВР сака да одлучи кои луѓе од наша страна ќе влезат во тие комисии, мислам дека тоа не е заедничка комисија, туку е тоа комисија на МВР“.

изјави портпаролот на независниот синдикат на Лавовите Тони Михајловски .

Што се однесува на барањето за амнестирање на припадниците на единицата , кој велат дека такво нешто им е ветено на средбата со државниот врв Министерот Костов со став

„На состанокот на 23 јануари 2003 година од страна на претседателот Трајковски и премиерот Црвенковски беше ветено и тоа ќе се спроведе дека нема да се поднесуваат кривични пријави за учесниците во извршената блокада кај Стенковец, на 22 јануари 2003 година. Во Република Македонија е во сила Законот за амнестија со кој се регулира дека со него се опфатени лицата без оглед на национална припадност и владата нема намера да предлага каков и да е друг закон кој ќе амнестира други прекшочни и кривични дела“.

Инаку безбедносната состојба во земјава според првиот полицаец е чуствителна

„Се работи за чувствителна безбедносна појава врз којашто влијаат повеќе елементи. Има појава на определени помали групи кои себе си се претставуваат како АНА во определени реони на Тетово, Гостивар, Куманово. Меѓутоа, информациите со коишто досега располагаме не говорат за постоење на организирана силна структура на АНА“.

Чека ли Владата АНА да стане јака

„Немаме намера да лекаме да станат јаки. Можеби би ни требале некои дополнителни работи за да бидеме малку поефикасни“.
XS
SM
MD
LG