Достапни линкови

Продолжување на политиката на амнезија


Железната ограда што деновиве е поственеа пред бараките на градското собрание и која чини сто илјади евра го отвори прашањето дали таа навистина беше непходна и можеше ли тие пари да бидат употребени за нешто што претстзвува поголем приоритет за градот.

„Вистински потег би било правење ограда за градилиште за новото градско собрание,“

вели архитектот Вангел Божиновски кој последниот потег на градското собрание го објаснува само како поселедица на едно општо правило според кое се гради ликот на Скопје во изминатите 50 тина години

„Тоа што се случува во Македонија во последните 40 години, може да се нарече амнезија, односно комплетно заборавање на своето минато. Затоа можеби и ни изгледа логично што градското собрание живее во бараки, наместо конечно да има зграда достоинствена која што доликува на овој град.“

Тоа значи дека главната функција во политиката на градската управа треба да биде возобновување на неколку пунктови што се оценуваат како суштина на градот, а која е запоставена.

„Возобновување на градската тврдина на градот Јустинијана Прима кој го велича еден од најголемите светски умови. Вторара фокусна точка треба да биде градот Скупи.“

Овие точки на кои би требало да биде фокусирана работата на градската управа според Божиновски покажуваат што навистина претставува Скопје и какви умови живееле во него.
XS
SM
MD
LG