Првичните оценки на меѓународната набљудувачка мисија за пописот на населението домаќинствата и становите во Македонија се позитивни.
„Јасно е дека попишувањето забележа значаен напредок и беше изведено во добра атмосфера без поголеми инциденти. Меѓу набљудувачите постои заедничко мислење дека во основа ова беше добар попис,“
изјави Халгримур Снорасон претставник на таа мисија и генерален директор на Статистичкиот Завод на Исланд.
Но, сепак тој посочи дека биле забележани неколку инциденти и неправилности:
„Некои од нив беа набљудувани во поголемиот дел на земјата на пример проблемите со идентификацијата на документите и колебливоста како да се справат со тие документи и како да се третираат луѓето што не ги поседуваат, постоеше и несигурност кај граѓаните дали и како ќе се попишат луѓето кои живеат во странство, а забележание беа и тенденции да се попишуваат и лицата кои се надвор од Македонија повеќе од 12 месеци,“
рече Снорасон кој начинот на утврдување дали лицето во текот на годината било во земјава или не го објаснува вака
„Во некои случаи беше многу едноставно тоа да се забележи бидејќи луѓето зборуваа за тоа и не беше никаква тајна.“
Пописот во Македонија се спроведуваше од први до петнаесетти овој месец и беше набљудуван од педесетина странски монитори.