Достапни линкови

Првични информации за слаб одзив


Првичните сознанија за одзивот на иселениците кои се попишуваат во амбасадите е дека тој е мал, изјави Љупчо Арсовски, член на координативното тело, при министерството за надворешни работи, за попис на населението кое живее надвор од државава.

„Луѓето од разни причини не успеале, не дошле или не сакале да се попишат. Тоа е сврзано со престојот, оддалеченоста итн. Тие се лоцирани во разни држави, во разни градови и просто е невозможно да патувате секаде и да ги посетите сите, па и оние места во коишто живеат по еден или двајца наши граѓаниНие во координационото тело очекуваме дека ова ќе биде нереална бројка, бидејќи е тешко да се соберат тие луѓе, меѓутоа, попис е попис и таа задача требаше да биде завршена.“

Пописот на населението кое живее надвор од Македонија го спроведуваат 40 луѓе вработени во министерството за надворешни работи во 27 диполамтски претставништва. И покрај тоа што пописот започна на 1 овој месец, а ќе трае до 15, тие претстојуваат помалку дена во амбасадите, а попишувањето продолжува да го спроведува администрацијата во дипломатските претставништва, вели Арсовски, кој објаснува дека во министерството се воделе од начелото на економичност на постапката, бидејќи треба да се попише населението кое престојува во странство помалку од една година:

„Таа категорија луѓе е најтешко да се соберат и да се анимираат, затоа што тоа сепак е категорија сврзана со многу моменти во земјите каде што претстојуваат – дали им е регулиран престојот, дали имаат работа итн.“

Токму поради ова пред почетокот на пописот беше подготвен пропаганден материјал, посочува Арсовски кој додава:

„Нашите ДКП беа задолжени да се афирмира пописот во средините каде што престојуваат, затоа што има сознанија дека има точно категорија на граѓани кои се помалку од 12 месеци. Требаше да се попише таа категорија луѓе.“

Во координативното тело информираат дека до крајот на месецов до Заводот за статистика ќе бидат доставени прецизните бројки.
XS
SM
MD
LG