Достапни линкови

Претседателот Трајковски му го додели мандатот на Црвенковски


По средбата со претседателот на која го доби мандатот за состав на новата влада новиот мандатар Бранко Црвенковски изјави:

„Согласно уставот, најдоцна за дваесет дена треба да се достави предлогот за состав на нова влада до собранието на Република Македонија.“

Тој најави директно учество на преговорите со Демократската Унија за Интеграција за составот на новата коалициона влада во делот на поделба на ресорите, но и коснултации со претседателот:

„Тоа е улогата на мандатарот, а тоа е да во консултации со другите политички партии што ќе ја сочинуваат владината коалиција всушност ја конфигурира новата влада.“

Но додека се преговара за платформата преговорите продолжуваат на потпретседателско ниво. На маса е стратегијата што во петокот ја предложија преговарачите од СДСМ И ЛДП Шеќеринска, Поповски и Манасиевски. На тоа ниво засега е најден заеднички јазик, рече Бранко Црвенковски.

„Во досегашните разговори се разговараше генералн околу принципите врз основа на коишто ќе функционира идната владина коалиција. На тоа ниво, на ниво на принципи и генерални програмски определби, најдовме заеднички јазик и мислам дека тоа се принципи што ќе бидат прифатливи не само за партиципиентите во владата туку и пошироко за граѓаните на Република Македонија.“

Откако преговорите ќе бидат завршени и составот на владиниот кабинет предложен до собранието според новиот деловник рокот за свикување на седницата е најмалку десет дена:

„За жал мислам дека тоа ќе значи продолжување на овој вакуум простор во државата во која немаме извршна власт, меѓутоа тоа е деловникот за работа.“

изјави Црвенковски.
XS
SM
MD
LG