Достапни линкови

Кривична пријава за Љубе Бошковски од група граѓани


Носителот на кандидатската листа во втората Изборна Единица од Коалицијата „За Македонија Заедно“ Трифун Костовски кој од страна на Министерот за Внатрешни работи Љубе Бошковски беше посочен како личност преку која се набавени неколку тони хартија со која потоа биле фалсиикувани избирачките личиња ги отфрли ваквите тврдења. Костовски вели дека размислува да поднесе и кивична пријава за клевета против министерот Бошковски

Инаку претходно и група граѓани и невладини организации поднесоа кривична пријава против Министерот за Внатрешни Работи Љубе Бошковски со што се бара да му се одреди мерка притвор поради сомневање дека сторил кривично дело насилство и злоупотреба на службената должност и овластувањата.
Меѓу потписниците на кривичната пријава се наоѓаат Љубомир Фрчковски , Владимир Милчин , и Ѓунер Исмаил кој ја објаснува причината:

„Навредливо е сега, после изборите, вон каква и да е процедура, злоупотребувајќи ја својата службена позиција, министерот за внатрешни работи заедно со своите соработници или истомисленици, да инсистира да влегува во ДИК и директно да се инволвира во изборниот процес. И во тааа смисла јавноста и ние кои ја потпишавме оваа пријава, бевме доведени во ситуација над нашите глави да висат закани и оваа земја се уште да биде во сферата во која што никогаш не би сакале да биде.“

Министерот за Внатрешни Работи Љубе Бошковски засега без одговор. Но, тој на вчерашната прес конференција изјави:

„Изборниот процес не ја суспендира надлежноста на министерството за внатрешни работи и не можеме да зборуваме за тоа дека Државната изборна комисија е над законот, го суспендира законот, ја суспендира работата на извршната власт. Напротив, извршната власт, министерството за внатрешни работи и натаму ги гони кривичните дела по службена должност.“

Во пријавата поднесена до Основното Јавно Обвинителство се вели дека на 18 септември 2002 година пријавениот Љубе Бошковски со група службени лица од МВР се договорил да извршат насилен упад во просториите на Собранието каде што заседавала ДИК, со цел да ја присилат да постапува по нивни барања. Нивните намери како што стои во пријавата биле насочени кон запирање на завршниот поцес на спроведените избори.
XS
SM
MD
LG