Достапни линкови

Признанија од меѓународната заедница, Бошковски тврди дека имало фалсификат


Претседателот на ДИК Мирјана Лазарова Трајковска соопшти дека до сега се разгледани сите 52 приговори што биле пристигнати до ДИК, од кои најголемиот дел од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП.

„Сите се разгледани и по утврдувањето на наводите се одбиени.“

Како што информира Лазарова Трајковска во тек се:

„Роковите за приговори до ДИК во врска со уврдувањето на резултатите од гласањето. ДИК денеска ќе утврди дали постојат основи за повторување на гласањето во избирачките места, каде што гласањето беше прекинато.“

Во врска со критиките дека претседателот на ДИК при гласањето била на страна на опозицијата таа вели:

„Одговорно тврдам дека во досегашното мое работење особено водев сметка за непристрасноста и законитоста.“

Додека министерот за внатрепни работи Љубе Бошковски вели дека ДИК се обидува да се постави над законите. Тој сеуште тврди дека постои фалсификат на избирачките листи и како факти ги посочува:

„Нашите први сознанија зборуваа дека оваа хартија ќе биде препродадена на 11-ти октомври и на тој начин, што е нормално во бизнисот некој ќе заработи средства. Но, нашите денешни сознанија, сознанијата во текот на истрагата водат дека оваа хартија не завршува во 11-ти октомври, каде завршува ќе покаже истрагата. Вториот индикативен момент е Договорот што е потпишан меѓу ДИК и 11-ти октомври, нема член кој предвидува на кој начин ќе биде уништуван материијалот кој е грешен при печатењето, што е вишок при печатењето, материјалот што нема одреден број што е пропишан според законот, значи направено е уништување на материјалот на еден многу незаконски начин.“

Но, сепак признавајќи го поразот на изборите, тој изразува надеж дека:

„Истрагата ќе си продолжи и во мандатот на СДСМ, бидејќи нели се залагаа за правна држава.“

Претставниците на меѓународната заедница во Македонија во заедничката изјава го поздравија објавувањето на конечните резултати од неделните избори и ги повикаа сите засегнати страни да ги прифатат резултатите и да учествуваат во мирното предавање на власта. Меѓународните претставници ја изразија целосната поддршка на ДИК, притоа сметајќи дека неодамнешните критики врз ова тело се неосновани и дека комисијата била предмет на политички притисок и непотребно прекинување на работата.
XS
SM
MD
LG