Достапни линкови

Пари нема ниту за леб


Прилепчанецот Јашар Јашароски како поранешен работник во пропаднатата фирма „Центропромет“ егзистенцијата на своето осумчлено семејство ја обезбедува исклучиво со 2,400 денари социјална помош.

„Ние не можеме да плаќаме струја и вода. Кај што има сила, нема правдина, па нека ги прекинат струјата и водата, ама да плаќаме не можеме. Немаме... По кантите бараме алишта да се облечеме. Нема, ниту социјалното не го доаваат редовно. Додека да го добиеме заглавуваме во долгови,“ – вели Јашароски.

Таква е животната приказна на уште 6,500 прилепски семејства, корисници на социјална помош.

„Четворочлено семејство, просечно зема социјална помош од 2,400 денари. Ако човек пресмета, тие пари не стасуваат ниту за леб. За четиричлено семејство три леба се минимум во текот на денот. Три леба, по триесет дена се 90 леба. По 20 денари нека биде леб, вкупно 1,800 денари. Средствата за масло, шеќер, сол и пипер воопшто не ги земам предвид. Значи, парите не стасуваат. За сметките за струја и вода да не зборуваме. Значи, социјалата е многу ниско. Има големи пропусти, тие што треба не земаат тие што не треба земаат.“

Во бирото за вработување информираат:

„Прилеп веќе подолг период се соочува со висока стапка на невработеност, како последица на повеќе годишните проблеми во севкупниот развој на стопанството како резултат на проблемите во регионот. Тука е секако и намалувањето и проблемите на пазарот на трудот, затворањето на голем број претпријатија, неприспособеноста на работната сила кон новите барања на пазарот на трудот и слично. Според податоците на бирото за вработување во Прилеп, заклучно со месец мај 2002 година бројката на невработени лица изнесува 26,688,“ – вели директорот на бирото за вработување, истакнувајќи дека во тек се неколку проекти за намалување на невработеноста, со преобука, преквалификација и доквалификација за работа во текстилните, градежните и угостителските фирми.
XS
SM
MD
LG