Достапни линкови

Корупцијата владее со државата


Пред една недела владиниот портпарол излезе со инфомрација дека Владата ги утврди приоритетите за борба против корупцијата. Од тогаш до денеска молк. Антикорупциската стратегија никој ја нема видено, а според правните експетите кој го истражуват проблемот на корупцијата ова стратегија сеуште не е изработена од едноставна причина што владата нема интерес тоа да го стори.

„Нема изготвено стратегија. Ова е само маркетинг со цел да се забошоти целата работа и во нејзиниот мандат да не се покренува постапка за корупција,“ - вели професорот на правниот факултет Борче Давитковски.

Нашито неколку дневни напори да добиеме било каков коментар од некој од владините претставници за приоритетите на владата во борбата против корупцијата не вродија со плод. На денот кога владата требаше да ја презентира владината антикорупциска стратегија, наместо со стратегија премиерот со констатација, главен генератор на корупцијата во Македонија е меѓународниот фактор. Премиерот Георгиевски рече:

„Нема меѓународен тендер во Макеоднија за кој амбасадорите не лобираат. Меѓународниот оператор Стоунбриџ три месеци ја притискаше Владата да даде две работи што се надвор од првиот договор со истиот мобилен оператор.“


Дури и да е така според Давитковски вината повторно паѓа врз премиерот.


„Значи и јас сум крадец, ама држете го крадецот. Познато е дека во корупцијата и тој што дава и тој што прима треба да одговара,“ – смета Давитковски.

Фрлањето на одговорноста врз меѓународниот фактор од страна на премиерот е класична грешка во чекори

„Многу лошо ќе се одрази на положбата на Македонија виза ви странскиот фактор. Ако сакаме ние сериозно да аплицираме во евро атлантските асоцијации, во ЕУ, никако не смеевме да дозволиме да ги правиме луѓето дека се генератори на корупцијата во Македонија,“ – рече Давитковски.

Корупција има и во останатие земји , а ова влада е помалку корумпирана од претходната , доказ е полната државна каса е ставот на Георгиевски.

„Значи, 24 милијарди денари имаме зголемени приходи во Република Македонија,“ – вели Георгиевски

Точен е податокот дека корупција има и во останатите земји , но проблемот е што кај нас корупцијата претставува систем.

„Во секоја држава има корупција, ама не се случува корупцијата да владее со државата. За жал тоа е случај во Македонија,“ – заклучува професорот од правниот факултет Борче Давитковски.
XS
SM
MD
LG