Достапни линкови

Канаѓаните „Влегуваат“ во Македонски пошти


Менаџментот на канадски пошти и министерот за транспорт и врски Љупчо Балковски ќе треба да ги дефинираат условите за влез на канаѓаните во македонски пошти. Според информациите кои доаѓаат од високи владини функционери , постигнат е договор Канаѓаните да влезат во македонски пошти преку моделот заедничко вложување во копродукција со Владата. Според неофицијалните инфорамции што доаѓат од министерството за транспорт и врски понудата од канадската делегација е во наредните 5 години во вид на инвестиција канаѓаните да пласираат 40 милиони долари во македонското јавно претпријатие. Како влог од страна на македонската влада ќе се книжат постојните објекти односно целокупниот имот кој го поседуваат македонски пошти. Како што дознаваме копјата меѓу преговарачките страни ќе се кршат околу рокот за експлотација , што македонската влада ќе треба да и го остапи на канадски пошти, а за што вторите инсистираат истиот да биде не пократок од 15 години. Инаку канадски пошти веќе цела 1 година го снима работењето на македонски пошти,. Според последните анализи кој се правени од канадска страна како негативни карактеристики на македонското јавно претпријатие се земаат превработеноста, застарениот систем на работа и непланските инвестиции, додека како предности се издвојуваат добрата состојба на објектите, возилата и средствата за работа. Ветувањето од канадски пошти е дека , за временскиот перидот додека тие ќе го имаат правото на експлотација , нема да има отпуштање од работа.

Финализацијата на договорот меѓу овие две компании требаше да биде заршен уште пред 4 месеци, кога во игра наместо заедничко вложување , се одеше на варијантата влез преку 11 годишна концесија. Како пречка за постигнување на договор во тоа време беше неможноста двете страни да се усогласат околу висината на средствата што канадската страна ќе треба да и ги плати на Република Македонија.

Од министерството за транспорт и врски уверуваат дека овојпат ќе мора да се постигне договор со оглед на фактот, што ова е последна посета на менаџментот на кандски пошти, а кој во изминатиот период се покажа како најсериозен преговарач кој е спремен да инвестира во македонски пошти.

Инаку канадски пошто веќе влегоа во српските пошти, со инсталирање на електронскиот систем за следење на пратките и давање на логистичка подршка за негово имплементирање.
XS
SM
MD
LG