Достапни линкови

Чекано и дочекано - СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

Заедничка литургија на Српската православна црква и Македонската православна црква - Скопје, Македонија, 24 мај 2022 г.
Заедничка литургија на Српската православна црква и Македонската православна црква - Скопје, Македонија, 24 мај 2022 г.

Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква. Верниците во и околу храмот со громогласен аплауз го дочекаа соопштувањето на одлуката.

Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква.

Тој во својот говор изјави дека сега на чекор се синодите на двете цркви да ги завршат правните документи, по што ќе биде изготвен официјалниот акт и сите останати православни помесни цркви по канонскиот ред да бидат известени.

Патријархот на СПЦ Порфириј очекува дека сите помесни цркви ќе го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква - Охридската архиепископија.

„Браќа и сестри, ние сме сигурни дека и другите помесни цркви ќе ја поздрават автокефалноста на МПЦ - ОА“ порача Патријархот Порфириј.

Биење на камбаните и аплаузи за признавањето на автокефалноста на МПЦ од СПЦ
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:42 0:00

Македонскиот поглавар г.г Стефан им се заблагодари на членовите на Светиот архиерејскиот собор на СПЦ за признавањето на автокефалноста на МПЦ.

„Вам уште еднаш ваша светост, вам и на членовите на светиот архиерејски собор на СПЦ ви благодатиме од името на монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија“, изјави г.г. Стефан.

Веста беше соопштена по сослужувањето на заедничката литургија на срспкиот патријарх Порфириј со арихиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан - на денот на сесловенските просветители.

Лутургијата за „помирување“ на СПЦ и МПЦ-ОА низ фотографии

Со литургијата за помирување меѓу двете цркви, која се одржа во храмот Свети Сава во Белград, чиноначалствуваа поглаварите на двете цркви - македонскиот архиепископ г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј
1/10 Со литургијата за помирување меѓу двете цркви, која се одржа во храмот Свети Сава во Белград, чиноначалствуваа поглаварите на двете цркви - македонскиот архиепископ г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Литургијата доаѓа по одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на каноничноста на МПЦ-ОА на 9 мај и одлуката на Саборот на СПЦ за за Македонската православна црква – Охридска архиепископија го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година
2/10 Литургијата доаѓа по одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на каноничноста на МПЦ-ОА на 9 мај и одлуката на Саборот на СПЦ за за Македонската православна црква – Охридска архиепископија го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Македонските црковни власти очекуваат по завршувањето на Саборот на СПЦ, до Вселенската Патријаршија да биде испратено барање за автокефален статус на МПЦ- ОА
3/10 Македонските црковни власти очекуваат по завршувањето на Саборот на СПЦ, до Вселенската Патријаршија да биде испратено барање за автокефален статус на МПЦ- ОА
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Вчера од Синодот на МПЦ ОА потенцираа дека ова е чекор напред кон крајната цел - добивање автокефалност на македонската црква. Во јавноста мислењата се поделени дали е ова чекор напред или чекор назад во однос на добивањето афтокефалност
4/10 Вчера од Синодот на МПЦ ОА потенцираа дека ова е чекор напред кон крајната цел - добивање автокефалност на македонската црква. Во јавноста мислењата се поделени дали е ова чекор напред или чекор назад во однос на добивањето афтокефалност
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Богослужбата се одвиваше и на македонски и на српски јазик и истовремено ја служеа владиците од двете цркви. Покрај поглаварите, на литургијата беа и најстарите владици од двете цркви
5/10 Богослужбата се одвиваше и на македонски и на српски јазик и истовремено ја служеа владиците од двете цркви. Покрај поглаварите, на литургијата беа и најстарите владици од двете цркви
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Пред и во храмот Свети Сава во Белград, за време на литургијата „за помирување“, имаше неколку стотини православни верници и претставници на разни институции
6/10 Пред и во храмот Свети Сава во Белград, за време на литургијата „за помирување“, имаше неколку стотини православни верници и претставници на разни институции
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Српскиот патријарх Порфириј денеска ја поздрави одлуката на Македонската православна црква-ОА за враќање на единството со Српската православна црква (СПЦ) и другите православни цркви: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо
7/10 Српскиот патријарх Порфириј денеска ја поздрави одлуката на Македонската православна црква-ОА за враќање на единството со Српската православна црква (СПЦ) и другите православни цркви: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Од МПЦ-ОА очекуваат до крајот на месецот СПЦ да испрати барање до Вселенската патријаршија за автокефален статус на Македонската црква
8/10 Од МПЦ-ОА очекуваат до крајот на месецот СПЦ да испрати барање до Вселенската патријаршија за автокефален статус на Македонската црква
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Освен поглаварите на двете цркви, на литургијата присуствуваа и служеа најстарите владици од МПЦ-ОА и СПЦ
9/10 Освен поглаварите на двете цркви, на литургијата присуствуваа и служеа најстарите владици од МПЦ-ОА и СПЦ
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Како што ѕвонат ѕвоната на Светосавскиот храм, така и нашите срца бијат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте, мили браќа! Добредојде брате архиепископе Стефане и владико. Добредојдовте во заедницата на љубов, вие и сиот ваш благољубив народ. Браќа сме и само браќа, рекол српскиот патријарх Порфириј на пречекот на македонската црковна делегација пред храмот Свети Сава во Белград, а го цитираа српските медиуми
10/10 Како што ѕвонат ѕвоната на Светосавскиот храм, така и нашите срца бијат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте, мили браќа! Добредојде брате архиепископе Стефане и владико. Добредојдовте во заедницата на љубов, вие и сиот ваш благољубив народ. Браќа сме и само браќа, рекол српскиот патријарх Порфириј на пречекот на македонската црковна делегација пред храмот Свети Сава во Белград, а го цитираа српските медиуми
Во храмот Свети Сава во Белград се одржа заедничка литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј. Литургијата ви ја „пренесуваме“ низ фотографиите на фоторепортерката на РСЕ - Весна Анѓиќ
Previous slide
Next slide


Верниците во и околу храмот со радост и громогласен аплауз го дочекаа соопштувањето на одлуката.

„Радосна е вестта дека конечно ете по толку години сме заедно, и самиот патријарх српски кажува дека ова е чудо кое што ни се случи, затоа на Бога му благодариме“, изјави Благица Блажеска.

„Од големо значење е ова, многу чекано и еве дочекано“, изјави Душанка Ивановска.

„Како верници да ви кажам најискрено дека сме највосхитени и ова е чудо над чудата, добивме афтокефалност на нашата црква и имаме право секаде да кажуваме и секаде да проповедаат нашите свештеници и да градиме заедништво“, изјави Дончо Домазетовски.

„Голем ден, немам зборови и убав“, изјави уште една верничка која беше присутна во Соборниот храм.

По завршувањето на заедничката литругија и соопштувањето на веста, камбаните во Соборниот храм во Скопје продолжија да бијат.

На оваа посета на поглаварот на СПЦ Порфириј и претходеше заедничката литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во соборниот храм „Св. Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Со литургијата беше потврдено надминувањето на 55 годишниот спор меѓу СПЦ и МПЦ.

Еден ден претходно, Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА и рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Северна Македонија.

Заедничка литургија: СПЦ ја одобрува автокефалноста на МПЦ-ОА

Македонскиот поглавар г.г Стефан им се заблагодари на членовите на Светиот архиерејскиот собор на СПЦ за признавањето на автокефалноста на МПЦ. Тој во говорот истакна дека црквата е соборна затоа што не се ограничува од никакво место, ниту време ниту народ
1/12 Македонскиот поглавар г.г Стефан им се заблагодари на членовите на Светиот архиерејскиот собор на СПЦ за признавањето на автокефалноста на МПЦ. Тој во говорот истакна дека црквата е соборна затоа што не се ограничува од никакво место, ниту време ниту народ
Заедничка литургија во храмот „Св.Климент Охридски“ во Скопје на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј
2/12 Заедничка литургија во храмот „Св.Климент Охридски“ во Скопје на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј
Денешната заедничка литургија во Скопје е продолжение на затоплувањето на односите меѓу двете цркви кое почна со заедничката литургија во четвртокот во храмот Св. Сава во Белград
3/12 Денешната заедничка литургија во Скопје е продолжение на затоплувањето на односите меѓу двете цркви кое почна со заедничката литургија во четвртокот во храмот Св. Сава во Белград
Со литургијата чиноначалствуваа српскиот Патријарх Порфириј и поглаварот на МПЦ-ОД, архиепископот г.г. Стефан
4/12 Со литургијата чиноначалствуваа српскиот Патријарх Порфириј и поглаварот на МПЦ-ОД, архиепископот г.г. Стефан
Фотографија од заедничката литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Скопје, 24 мај 2022
5/12 Фотографија од заедничката литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Скопје, 24 мај 2022
Г.г. Стефан во говорот истакна дека црквата е соборна затоа што не се ограничува од никакво место, ниту време ниту народ
6/12 Г.г. Стефан во говорот истакна дека црквата е соборна затоа што не се ограничува од никакво место, ниту време ниту народ
На заедничката литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје присуствуваа речиси сите влкадици од двете цркви
7/12 На заедничката литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје присуствуваа речиси сите влкадици од двете цркви
Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква
8/12 Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква
Патријархот на СПЦ Порфириј очекува дека сите помесни цркви ќе го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква - Охридската архиепископија
9/12 Патријархот на СПЦ Порфириј очекува дека сите помесни цркви ќе го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква - Охридската архиепископија
Сега на чекор синодите на двете цркви да ги завршат правните документи, по што ќе биде изготвен официјалниот акт и сите останати православни помесни цркви по канонскиот ред да бидат известени, рече патријархот Порфириј
10/12 Сега на чекор синодите на двете цркви да ги завршат правните документи, по што ќе биде изготвен официјалниот акт и сите останати православни помесни цркви по канонскиот ред да бидат известени, рече патријархот Порфириј
Црквата не е некаква федерација од помесни цркви, туку од секогаш била една и единствена и обединета од светиот дух, како едно и единствено тело на човештвото. Навистина, Црквата се дели на помали географски целини кои се совпаѓаат со политичките граници кои овој свет ги исцртува за да биде нејзиното раководење полесно. И нашата 80 годишна заложба за самостојна црква никогаш немала за цел да не одвои од телото Христово, туку да ни дозволи и ние како некогаш слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ , рече г.г. Стефан
11/12 Црквата не е некаква федерација од помесни цркви, туку од секогаш била една и единствена и обединета од светиот дух, како едно и единствено тело на човештвото. Навистина, Црквата се дели на помали географски целини кои се совпаѓаат со политичките граници кои овој свет ги исцртува за да биде нејзиното раководење полесно. И нашата 80 годишна заложба за самостојна црква никогаш немала за цел да не одвои од телото Христово, туку да ни дозволи и ние како некогаш слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ , рече г.г. Стефан
Двете земји и двата црковни народи оваа литургија ја означија како историски чин, со кој се потврди надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и обновувањето на канонското и евхаристиското општење
12/12 Двете земји и двата црковни народи оваа литургија ја означија како историски чин, со кој се потврди надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и обновувањето на канонското и евхаристиското општење
Previous slide
Next slide

Вселенската патријаршија на 9-ти мај ја призна за канонска МПЦ – ОА.

Честитки за признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА упати и политичкиот врв, меѓу кои Претседателот на државата Стево Пендаровски, Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ - Христијан Мицкоски.

  • 16x9 Image

    Ивана Стојкова

    Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.

This item is part of
XS
SM
MD
LG