Достапни линкови

Трамп воведува вонредна состојба за ѕидот кон Мексико?


Избегната блокада на владата, Трамп најави вонредна состојба
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Избегната блокада на владата, Трамп најави вонредна состојба

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да прогласи национална вонредна состојба со цел да биде финансиран неговиот контроверзен ѕид меѓу Соединетите држави и Мексико. Ваквиот потег ги вознемири американските законодавци кои во меѓувреме усвоија закон со кој се спречува делумното затворање на владата.

Потпишувањето на законот усвоен од Сенатот и Претставничкиот дом, а со кој федералните агенции остануваат оперативни до 30 септември, од страна на претседателот Трамп ќе донесе крај на двомесечната битка околу владиното финансирање.

Но, проблемот е во тоа што во законот не се предвидени средства за ѕидот на границата со Мексико на што инсистира Трамп.

Тој веќе најави дека ќе прогласи вонредна состојба која ќе му помогне да го заобиколи Конгресот и да пренасочи милијарди долари за да го изгради ѕидот.

Со ова Трамп отвора нова конфронтација - и создава најризичен правен предизвик во досегашниот негов мандат.

Спикерот на Претставничкиот дом од Демократската партија Ненси Пелоси изјави дека членовите на нејзината група ги „разгледуваат сите опции“ како да одговорат на потегот на Трамп.

Според неа, објавувањето национална вонредна состојба е нелегален чин и голема злоупотреба на моќта на претседателот.

„Значи, преседанот што го поставува претседателот е нешто што треба да се соочи со големо вознемиреност и разочарување од страна на републиканците, бидејќи ако претседателот може да прогласи вонредна состојба за нешто што го создал како итен случај, илузија која сака да ја пренесе, само помислете што може да претставува претседател со различни вредности за американскиот народ“.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел изјави дека го поддржува претседателот, но неколку други во републиканскиот камп искажаа длабоки резерви.

Многумина конгресмени изјавија дека воопшто немаат идеја од каде претседатлот Трамп ќе најде пари за ѕидот.

Според Националниот акт за вонредни состојби, претседателот може да прогласи национална вонредна состојба, но треба да обезбеди конкретна причина за тоа.

Вонредната состојба овозможува мобилизирање на стотици овластувања за итни случаи.

Тие и дозволуваат на Белата куќа да објави воена состојба, да ги суспендира граѓанските слободи, да ја зголеми војската и да ги ограничи трговијата, комуникациите и финансиските трансакции.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG