Достапни линкови

Кулминира судирот на приватните превозници со Арсовска - Скопје во сообраќаен хаос

Приватни превозници од јавниот автобуски превоз во Скопје ја блокираа раскрсницата кај Мавровка поради долгови кон ЈСП, 28.11.2022 година.
Приватни превозници од јавниот автобуски превоз во Скопје ја блокираа раскрсницата кај Мавровка поради долгови кон ЈСП, 28.11.2022 година.

Утринава приватните превозници автобусите ги паркираа на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка во знак на протест. Сообраќајот во Скопје е речиси целосно блокиран. Приватните автобуски превозници бараат од премиерот да и се одземат ингеренциите на градоначалничката Арсовска.

Продолжува хаосот со јавниот автобуски превоз во Скопје. Приватните превозници утринава ги паркираа автобусите на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка во знак на протест и го блокираа најфрекфентниот дел од центарот на градот.

Тврдат дека Јавното сообраќајно претпријатие, кое е под надлежност на Град Скопје, им должи околу милион и пол евра и бараат градските власти да ги подмират долговите.

„Голем е долгот, од август навака, не се пуштени давачките за нафта“, вели Трајко еден од возачите кој беше присутен на протестот.

„Да се среди работава, кога ќе има пари ќе има и работа, а без пари нема ништо“, вели Маријан, друг возач на автобус.

Блокада во центарот на Скопје,  решението за јавниот превоз неизвесно
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Превозниците бараат Владата да ги одземе ингеренциите на Арсовска

Приватните превозници не бараат само да им се исплатат парите за кои тврдат дека градот им ги должи, бараат и Арсовска веќе да не биде на чело на градот. Претставникот на „Слобода Превоз“, Кемал Муриќ на обраќањето на протестот ја обвини градоначалничката за ваквиот колапс на градскиот превоз, а од владата побара да и се одземат ингеренциите на Арсовска.

„Господине премиер ние сме граѓани на овој град и на оваа држава кои што може лесно да бидеме излажани, како што и бевме излажани, гласавме за градоначалничката да дојде на власт. Ве молиме да ги искористите сите мерки и средства што ви стојат на располагање, како на пример одземање на ингеренциите, да не се дозволи вакви шарлатани да бидат на чело и да држат ваква висока функција и позиција како што е градоначалник на Град Скопје“, изјави Муриќ.

Протест на приватните превозници: Исполнување на барањата или уште поголема блокада

Приватните превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во центарот на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должи ЈСП и градот Скопје
1/16 Приватните превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во центарот на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должи ЈСП и градот Скопје
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Организаторот вели дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови.
2/16 Организаторот вели дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови.
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Целосно се блокирани сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“
3/16 Целосно се блокирани сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Блокада е со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица, а според организаторите, времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата
4/16 Блокада е со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица, а според организаторите, времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Ако брзо не се исполнат барањата на приватните автобуски превозници, велат тие, блокадата ќе се прошири и на други сообраќајници во Скопје
5/16 Ако брзо не се исполнат барањата на приватните автобуски превозници, велат тие, блокадата ќе се прошири и на други сообраќајници во Скопје
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем денеска „Слобода превоз“, кој е организатор на протестот, треба да оствари средба со УО на ЈСП
6/16 Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем денеска „Слобода превоз“, кој е организатор на протестот, треба да оствари средба со УО на ЈСП
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, стои во соопштението од Слобода превоз
7/16 Ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, стои во соопштението од Слобода превоз
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.
8/16 Претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Минатата недела овие автобуски превозници протестираа и пред седиштето на ЈСП
9/16 Минатата недела овие автобуски превозници протестираа и пред седиштето на ЈСП
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Нема никаква информација до кога ќе трае блокадата на поширокиот центар на Скопје
10/16 Нема никаква информација до кога ќе трае блокадата на поширокиот центар на Скопје
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Со блокада се затворени сите приоди кон главната крстосница кај мавровска која ги врзува скопските населби Автокоманда, Чаир, Центар и Аеродром
11/16 Со блокада се затворени сите приоди кон главната крстосница кај мавровска која ги врзува скопските населби Автокоманда, Чаир, Центар и Аеродром
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Поради блокада од утрово поширокиот центар на Скопје е речиси парализиран
12/16 Поради блокада од утрово поширокиот центар на Скопје е речиси парализиран
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Полицијата се обидува да го регулира и олесни сообраќајот со пренасочување кон споредните булевари и улици
13/16 Полицијата се обидува да го регулира и олесни сообраќајот со пренасочување кон споредните булевари и улици
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Приватните превозници минатата недела најавија и пријави за обвинувањата дека при нивното работење имало, како што велат, криминал
14/16 Приватните превозници минатата недела најавија и пријави за обвинувањата дека при нивното работење имало, како што велат, криминал
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Скопјани кои ги користат приватните автобуси за градски превоз се поделени - едни го поддржуваат протестот, другите бараат да им се овозможи непречено да стасаат каде што тргнале
15/16 Скопјани кои ги користат приватните автобуси за градски превоз се поделени - едни го поддржуваат протестот, другите бараат да им се овозможи непречено да стасаат каде што тргнале
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Сите сме заедно во ова и нема отстапување, велат превозниците
16/16 Сите сме заедно во ова и нема отстапување, велат превозниците
Приватните автобуски превозници денеска, 28 ноември 2022, ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во поширокиот центар на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Град Скопје. Ако не им се исполнат барањата, велат, ќе ја прошират блокадата и на друг места
Previous slide
Next slide

Арсовска пак претходно ги обвини приватните превозници за затајување на приходи, матни игри и нечесно трошење на буџетот на граѓаните.

Таа посочи дека приватни превозници во изминатите пет години, немаат пријавено ниту еден продаден билет во автобусите кои возат за двете здруженија, а истовремено од Јавното сообраќајно претпријатие ги наплаќале фактурите за извозените километри за сума од едно евро по километар.

„Каде завршувале овие пари кои „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ требало секој месец да ги пријавуваат во ЈСП-Скопје и до УЈП, од продажбата на карти, доколку за пет години не пријавиле ниту еден продаден билет?! Да затаите приходи коишто се движат во висина од околу 200 до 300 илјади евра секој месец, да не ги прикажете никаде и тоа да се одвива пет години – мора да признаеме дека тоа се милиони и милиони евра пари на граѓаните коишто некој си ги ставил во џебот“, изјави градоначалничката на прес конференција на 24.11. 2022.

Превозниците на денешниот протест ги отфрлија ваквите обвинувања и најавија дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови на повеќе крстосници, доколку не се решат проблемите.

Град Скопје: Договорот е раскинат поради непочитување на обврските

Од кабиентот на Арсовска за РСЕ велат дека договорот на приватните превозници “Макекспрес” и “Слобода Превоз” е раскинат поради неисполнување на обврските кои произлегуваат од истиот и продолжуваат со подготовката на нов јавен повик за договори со превозници.

„Како што и претходно најавивме, подготвуваме јавен повик за нови договори со заинтересираните приватни превозници кои досега возеле како дел од овие здруженија, а отсега ќе имаат можност да склучат директен договор со ЈСП, наспроти досегашниот модел.Новите договори, секако, ќе имаат услови кои ќе мора да ги почитуваат превозниците, а се однесуваат пред се на еколошките стандарди“, се вели во одговорот од Град Скопје.

Според новиот јавен повик, како што и претходно најави Арсовска, на секој од сегашните поединечни превозници ќе му биде понудено директно и индивидуално да аплицира, да добие линија со исполнување на условите коишто ќе бидат во јавниот повик.

Скопјани мака мачат со јавниот превоз

Во меѓувреме скопјани веќе со недели мака мачат додека да стигнат на работа или училиште. Протестот на превозниците утринава предизвика километарски колони од возила низ центарот на градот, а граѓаните кои се возат со автобус велат дека со часови чекале на автобуските постојки.

„Нема автобуси, чекаме, веќе има еден час како што чекам“, вели скопјанката Реџеп.

„Има гужва. Доаѓам пешки од Чаир до Центар па за да продолжам накај Тафталиџе. Нема автбуси. Пред пазарот е блокирано, стои полиција, не дозволуваат да поминат возила. Хаотично е. По ова ќе ја паметиме градоначалничката“, вели скопјанката Дивна Марковска.

Автобусите на ЈСП денеска сообраќаа, но дел од жителите велат дека откога приватните не возат, гужвата е голема.

„Сега беше преполно. Откога ги снема приватните автобуси многу се чека, некогаш по 40 минути, а некогаш и повеќе. Треба да се реши проблемот, еве јас постојано се возам со автобус“, вели скопјанецот Зоран Новаковски.

Приватните превозници во јавниот превоз учествуваат со над 200 автобуси. За денеска е најавено дека Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница за советнички прашањa каде што се очекува да се донесе одлука за решавање на проблемот со приватните автобуски превозници.

Минатиот месец проблем имаше и со платите на вработените во ЈСП-Скопје, па и тие еден ден не возеа бидејќи имаа колективен штрајк. Исто така поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП, престанаа да сообраќаат и автобусите на вториот приватен превозник „Мак експрес“, па овие линии во меѓувреме беа заменети со автобусите на ЈСП.

Сето ова доведе до метеж, нередовни автобуси и многу нервози кај скопјани, а токму бесплатен и уреден јавен превоз беше едно од клучните предизборни ветувања на Арсовска.

  • 16x9 Image

    Ивана Стојкова

    Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG