Достапни линкови

Зошто Путин толку го „сака“ Балканот?


Од институтот „Карнеги“ велат дека Балканот е „средство на Москва за одвлекување на внимание од она што го прави Кремљ и средство за остварување влијание“ во големите европски институции.

Како што рускиот претседател Владимир Путин продолжува со својата кампања за глобално влијание, така Русија се повеќе се афирмира на Балканот, надевајќи се дека ќе ја забави интеграцијата на регионот во евроатлантските институции и дека ќе ја извалка сликата за западната демократија стекната во Западен Балкан.

Ова е еден од заклучоците на најновиот извештај на „Карнеги институтот“, кој детално ги анализира состојбите во Западен Балкан и неговата евроатлантска определба, наспроти обидите на Москва за промена на волјата на големото мнозинство граѓани во балканските земји.

Дали Балканот е политичкиот параван на Москва?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Дали Путин навистина го сака Балканот?

Во тие политички стратегии многу ретко се поставува прашањето, зошто Москва не сака Балканот да влезе во ЕУ и НАТО? Зошто Путин толку многу го сака Балканот? Или, како што велат дел од аналитичарите, дали Путин вистински го сака Балканот?

Според авторите на извештајот, меѓу кои е и Пол Стронски, кој работел како аналитичар на руската политика во Бирото за разузнавачки и истражувачки дејности при Стејт департментот, „Балканот за Русија има значајни историски, културни и верски врски – заедничка поврзаност која постојано се пропагира, па дури некогаш и се преувеличува со дипломатските активности на Москва и со написи во медиумите“.

„За Москва е многу важна геостратешката позиција на регионот помеѓу Црното Море и Медитеранот, како и близината на Блискиот Исток. Црно Море ѝ обезбедува на Русија пристап до јужните пристаништа, што бил и историски фокус на руската дипломатија и воените активности во југоисточна Европа. Балканот, како еден од последните региони во Европа кој не е целосно интегриран во Европа, претставува очигледна цел на руските активности за остварување на влијанието насочено кон обидите за оспорување и спречување на влезот во ЕУ и НАТО“, се вели во извештајот на „Карнеги“.

Врева на Балканот за мир во Кремљ

Со запирање на експанзијата на Балканот, се вели во извештајот, Москва се надева дека ќе го сврти вниманието, па дури и ќе го спречи обновувањето на расправата за членството во западните организации на Грузија, Украина или која било друга поранешна членка на Советскиот сојуз. Кампањата за засилување на влијанието на Кремљ, исто така, помага фокусот на Запад да се пренасочи од вознемирувачките акции на Русија кон други земји, како што е анексијата на Крим, постојаниот конфликт со Украина, подвижните граници на Јужна Осетија и руските активности после кадифената револуција во Ерменија.

Ова, велат од „Карнеги“, значи дека Балканот е „средство за одвлекување на внимание од она што го прави Кремљ и средство за остварување влијание во поголемите европски безбедносни и економски институции.

„Сепак Москва не мора нужно да се обидува, а и не би можела, да се афирмира како доминантна сила во југоисточна Европа, во која се натпреварува за остварување на своето влијание, не само со Западот, туку и со Кина, Турција, па дури и со земјите од Персискиот залив, односно со сите држави кои активно дејствуваат во регионот“, нагласува „Карнеги“.

„Карнеги“: Русија многу често не ги исполнува ветувањата дадени на балканските земји

Руските политичари често го посетуваат регионот и при тоа ветуваат засилување и зголемување на трговијата и на инвестициите.

Но, како што стои во анализата на „Карнеги“, Русија, освен енергија, нема многу што да му понуди на регионот, бидејќи не произведува стока за која има голема побарувачка на Балканот.

„Многу често Русија не ги исполнува своите ветувања поврзани со кредитирање и инвестиции во балканските земји“, заклучува „Карнеги“ во својата најнова анализа на руската политика во југоисточна Европа и во Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG