турско-иранската граница e клучната миграциска рута од Централна Азија до Европа
Додека некои европски лидери изразија стравувања од масовен прилив на авганистански бегалци, како и загриженост дека новите мигранти ќе го запалат жарот на екстремно десничарските и популистичките движења, ЕУ сѐ уште нема унифициран план за бегалци.
„Одете во соседните земји“
Прогонувани од бегалската криза во Сирија, предизвикана од војната во 2015 година, европските лидери се очајни да избегнат нов прилив на бегалци и мигранти од Авганистан, наведува Асошиетед прес, додавајќи дека покрај тоа што им помагаа на западните сили за време на дведецениската војна во таа земја, пораката на Европа до бегалците гласи: „Ако мора да одите, одете во соседните земји, но не доаѓајте тука“.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ги призна предизвиците со кои се соочува Европа кога на 21 -ви август го посети авганистанскиот центар за бегалци во Мадрид. „Партнерствата со трети земји ќе бидат во центарот на нашата дебата“, рече тој, додавајќи дека е неопходно да се најде „таа рамнотежа помеѓу достоинството на Европската унија и способноста да се бранат нејзините интереси“.
Фотографии на очајно бегање од Авганистан
1/20Мноштво луѓе чекаат на пистата на кабулскиот меѓународен аеродром Хамид Карзаи на која има транспортен авион Ц-17 подготвен за полетување на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
2/20Луѓе се обидуваат да влезат на аеродромот во Кабул за да ја напуштат земјата на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
3/20Луѓе во редица за да се качат на воен авион додека се евакуираат од аеродромот во Кабул на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
4/20Голем број луѓе се собраа долж источниот раб на аеродромот во Кабул.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
5/20Толпи луѓе се собираат пред аеродромот на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
6/20Британски и канадски војници му помагаат на Авганистанец да се качи на ѕидот додека тој и другите чекаат во близина на делот од аеродромот што е контролиран од странски воени сили.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
7/20Луѓе се туркаат да влезат на Меѓународниот аеродром Хамид Карзаи со надеж дека ќе побегнат од земјата
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
8/20Поглед одозгора на луѓе кои се движат низ контролните пунктови на аеродромот во Кабул.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
9/20Луѓе чекаат да бидат евакуирани на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
10/20Сателитска снимка од 23 август покажува толпи луѓе кои се спуштаат на аеродромот во Кабул.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
11/20Луѓе се качуваат на транспортен авион среде евакуација на аеродромот.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
12/20Семејства се качуваат на транспортен авион на американските воздухопловни сили за време на евакуација на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
13/20Толпи луѓе и сообраќај на северната порта на меѓународниот аеродром во Кабул.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
14/20Американските маринци даваат помош на контролниот пункт за евакуација во услови на егзодус од аеродромот.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
15/20Авганистанци се качуваат на американски транспортен авион за време на евакуација на 22 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
16/20Екипа на воздухопловните сили на САД се подготвува да ги запише евакуираните што ги исполнуваат условите во транспортниот авион на 21 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
17/20Американски маринец обезбедува вода за семејствата за време на евакуација на аеродромот во Кабул на 22 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
18/20Големи групи луѓе чекаат евакуација на аеродромот во Кабул на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
19/20Толпата се обидува да стигне до аеродромот на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
20/20Снимката од воздух покажува голема толпа луѓе собрани пред меѓународниот аеродром во Кабул
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
Previous slide
Next slide
Австрија предложи формирање „центри за депортација“ во соседството на Авганистан, со цел земјите од ЕУ да можат да депортираат Авганистанци кои бараат азил. „Нашата цел мора да биде да го задржиме мнозинството луѓе во тој регион“, рече австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, повторувајќи го она што го велат многу европски лидери, посочува АП.
Грција, чии живописни острови свртени кон турскиот брег пред шест години беа европска влезна порта за стотици илјади Сиријци, Ирачани, Авганистанци и други, јасно стави до знаење дека не сака да ја преживее повторно истата криза. Атина вели дека Грција нема да прифати да биде „порта за нерегуларни текови во ЕУ“ и дека ја смета Турција за безбедно место за Авганистанците.
Од друга страна, додава Асошиетед прес, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија земја веќе прими 3,6 милиони Сиријци и стотици илјади Авганистанци, се закани дека ќе ги испрати во Европа. „Турција нема должност, одговорност или обврска да биде европско складиште за бегалци“, предупреди Ердоган.
Иако набљудувачите велат дека нема индикации за масовно движење преку турско-иранската граница, клучната миграциска рута од Централна Азија до Европа, Ердоган нагласува дека неговата влада ја зајакнала источната граница - со војници, жандармерија, полиција и нов ѕид.
Турските власти тврдат дека пресретнале 35.000 Авганистанци кои илегално влегле во земјата оваа година, во споредба со повеќе од 50.000 во 2020 година и повеќе од 200.000 во 2019 година.
Турција ја зајакнува безбедноста на границата за евентуален мигрантски бран од Авганистан
1/18Турски војник чува стража на воена станица во Калдиран на турско-иранската граница во провинцијата Ван, Турција, 21 август 2021 година.
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
2/18Мигранти, главно од Авганистан, откако беа приведени од турските безбедносни сили за време на операција во пограничниот град Ван, Турција, 21 август 2021 година.
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
3/18Турски војници со оклопни воени возила патролираат покрај ѕидот на граничната линија меѓу Турција и Иран во провинцијата Ван, Турција, 21 август 2021 година.
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
4/18Знак со предупредување за мини на турско-иранската граница во провинцијата Ван
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
5/18Турски војник ја пребарува областа користејќи камера за ноќно гледање за време на патрола на турско-иранската граница во провинцијата Ван
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
6/18Авганистански мигранти приведени од турските безбедносни сили во пограничниот град Ван, Турција, 21 август 2021 година.
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
7/18Приведени мигранти, главно од Авганистан, во пограничниот град Ван, Турција
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
8/18Турски војници со оклопни воени возила патролираат на граничната линија меѓу Турција и Иран
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
9/18Мигрантско семејство од Авганистан, фатено од турските безбедносни сили откако илегално преминуваа во Турција од Иран, 22 август 2021 година.
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
10/18Рејхан Мирзаи, четиригодишно девојче од Авганистан, приведено од турските безбедносни сили откако илегално преминувала во Турција од Иран со своето семејство, добива лекарска контрола во центар за преработка на мигранти во пограничниот град Ван, Турција, 22 август 2021 година.
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
11/18Стража на турско-иранската граница во провинцијата Ван, Турција
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
12/18Приведени мигранти, главно од Авганистан, во пограничниот град Ван
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
13/18Турски војник, со ирански војници во позадина, чува стража на турско-иранската граница во провинцијата Ван
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
14/18Мигранти откако беа приведени од турските војнице во Ван
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
15/18Авганистанката Беневсе и нејзиниот двегодишен син Рехимулах, фатени од турските безбедносни сили откако илегално ја преминале границата од Иран, чекаат медицинска контрола во центарот за мигранти во пограничниот град Ван, Турција, 22 август 2021 година.
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
16/18Авганистанскиот брачен пар Сајед Фахим Мусави и Морсал Мусави, фатени од турските безбедносни сили со нивните деца во центарот за мигранти во Ван
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
17/18Турски командос на стража во близина на ѕидот на граничната линија меѓу Турција и Иран во провинцијата Ван, Турција, 21 август 2021 година.
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
18/18Турски воен хеликоптер патролира над турско-иранската граница во провинцијата Ван, Турција, 21 август 2021 година.
Турција деновиве ја зајакна контролата на границата поради можноста од нов голем бегалски бран од Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата во таа земја.
Previous slide
Next slide
Според статистичката агенција на ЕУ, околу 630.000 Авганистанци поднеле барање за азил во земјите на ЕУ во изминатата деценија, а најголем број во Германија, Унгарија, Грција и Шведска. УНХЦР проценува дека 90 проценти од 2,6 милиони авганистански бегалци живеат во соседните Иран и Пакистан.
Сеништето на бегалската криза
Уште откако Талибанците го зазедоа Кабул, во Европа кружи призрак - дали ќе се повтори бегалската криза што го зафати регионот во 2015 година, пишува Фајненшел тајмс, посочувајќи дека европските лидери од сите бои стравуваат дека континентот би можел се соочи со огромен прилив на баратели на азил од Авганистан, што ги зајакнува десните популисти пред изборите во Германија и Франција.
Повеќето членки на ЕУ се согласија да прифатат мал број Авганистанци, особено оние кои работеле за нивната војска, странски амбасади или меѓународни хуманитарни организации, но сите не сакаат да размислуваат за поголем прилив, особено Германија, чија одлука да прими повеќе од милион баратели на азил во 2015-16 го потресе политичкиот систем на земјата до темели.
Стравувањата на Германија од нова бегалска криза се засилија кога министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер рече дека враќањето на Талибанците може да принуди меѓу 300.000 и пет милиони Авганистанци да избегаат. И покрај шокот од победата на Талибанците и хаотичните сцени на аеродромот во Кабул, експертите велат дека споредбите со 2015 година не се на место, пишува британскиот весник.
Европските лидери се надеваат дека повеќето Авганистанци ќе останат во нивната земја, додека оние што бегаат од Талибанците ќе останат во регионот наместо да се упатат кон Европа.
Сепак, стравот од нов прилив на мигранти ги натера политичарите од Стокхолм до Атина да инсистираат на тоа „2015 година да не се повтори“ и дека, како што рече францускиот претседател Емануел Макрон, на кого му претстојат избори следната година, европските земји се согласија да дадат „робустен, координиран и унифициран“ одговор за да им помогнат на транзитните земји и земјите што примаат мигранти.
И покрај ваквите пораки, посочува Фајненшл тајмс, десничарските партии се обидуваат да ги искористат настаните во Авганистан за да ги пренасочат мислите на гласачите кон имиграцијата затоа што тоа ќе ги зголеми нивните изборни шанси.
Недостаток на сочувство
Сликите на илјадници Авганистанци кои се обидуваат да ја напуштат земјата ги испаничија европските политичари кои се плашат од ново масовно движење на муслиманските баратели на азил, но исто така стравуваат дека новите мигранти ќе ја запалат страста на екстремно десничарските и популистичките движења кои ја преобликуваа политиката по бранот на баратели на азил од Сирија и Ирак во 2015 година, пишува Њујорк тајмс.
Со претстојните избори во Германија и Франција, европските политичари се решени да избегнат популистичка реакција што следеше по бегалската криза пред шест години, кога етнонационализмот се вкорени и антиимигрантските партии се заканија дека ќе ја распаднат Унијата. Сепак, експертите велат дека споредбата е погрешна, бидејќи оттогаш поддршката за антиимигрантските партии опадна, заедно со бројот на мигранти.
Меѓутоа, Авганистанците се соочуваат со недостаток на сочувство во Европа што би можело да биде несовладливо, иако весникот посочува дека Авганистан може да претставува посебна морална обврска и одговорност за Европа, бидејќи многу европски земји се приклучија кон американската инвазија по нападите врз САД на 11 септември 2001 година.
Таму каде што има консензус во повеќето европски земји, идејата е дека Европејците сакаат да ги задржат бегалците во регионот во близина на Авганистан, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на изјави на многу европски официјални претставници во последните денови, вклучувајќи го и францускиот претседател Макрон, кој рече дека „Европа не може да ги преземе последиците од Авганистан“.
Сепак, додава весникот, некои европски лидери биле поотворени во нагласувањето на европската одговорност. Италијанскиот премиер Марио Драги вели дека се добредојдени оние што ѝ помогнаа на Италија во Авганистан, како и „сите оние кои се разоткрија во одбрана на основните слободи, граѓански права и човекови права“.
Огради и sидови
Можноста авганистански мигранти да се упатат кон европските брегови го принудува Брисел да се соочи со Ахиловата пета: и покрај реформите ветени во 2015 година, пишува Политико.
Наместо единствен план за бегалци, европските претставници и дипломати изнесуваат различни идеи за тоа како да се справат со очекуваното зголемување на авганистанските баратели на азил, нудејќи различни предлози, од финансирање на преместување на бегалци во земји кои не се членки на ЕУ, како што се Турција и Пакистан, до понуди за привремена заштита, но и изградба на огради на границите на одредени земји.
Кога Унгарија изгради ограда долж границата со Србија и Хрватска во 2015 година, посочува бриселскиот портал, тогашниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер го критикуваше унгарскиот потег, велејќи дека „sидовите и оградите немаат место во земја-членка на ЕУ“.
Сепак, нагласува Политико, се чини дека оваа неподготвеност полека исчезна со текот на времето. Европската комисија не ја критикуваше Литванија кога неодамна најави дека ќе подигне гранична ограда за да спречи соседна Белорусија намерно да испраќа мигранти преку границата.
Грција сега ги насочи своите напори кон изградба на бариера за авганистанските мигранти и, како што пишува Политико, постави 40 километарска ограда и надзор долж својата граница, при што официјалните лица ветија дека ќе ја одржат границата „безбедна и непробојна“.
Набљудувачите укажуваат на клучниот момент што се случи минатиот март, кога новоназначената претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лејен, за време на посетата на Грција, ѝ се заблагодари на земјата „што беше европски штит во овие времиња“.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.