Достапни линкови

Ќе се избегне ли уште едно затворање на владата на САД?


Договор за избегнување на блокадата на владата на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Договор за избегнување на блокадата на владата на САД

Преговарачите во американскиот Конгрес синоќа изјавија дека постигнале договор за финансирање на безбедноста на границите. Тоа би спречило уште едно делумно затворање на владата, до кое може да дојде в саботата.

Во Конгресот на Соединетите држави по неколкучасовен состанок на преговарачи од двете партии, Републиканската и Демократската, беше соопштено дека бил постигнат принципиелен договор за финансирање на програмите за гранична безбедност до 30 септември.

Републиканскиот сенатор Ричард Шелби, притоа изјави:

„Имавме добра вечер. Постигнавме принципиелен договор, меѓу нас, за домашната безбедност и за другите шест закони. Нашите штабови ќе работат напорно за да ги ставиме сите детали заедно и тоа е сè што можеме да ви кажеме сега“.

Тој избегна да одговори дали претседателот Доналд Трамп ќе добие пари за граничниот ѕид меѓу САД и Мексико.

Ни другите конгресмени не соопштија попрецизно за тоа што содржи договорот.

Демократската претставничка Нита Лоуи изјави:

„Задоволна сум што успеавме да работиме заедно, на двопартиски начин и да постигнеме договор и нашите штабови сега работат на деталите“.

Запрашан дали Трамп би го потпишал договорот, сенаторот Шелби рече дека преговарачите периодично разговарале со „претставници на Белата куќа“ и оти се надева дека претседателот би можел да го поддржи она што е договорено.

Барањето на Трамп за 5,7 милијарди долари за изградба на граничниот ѕид со Мексико предизвика 35-дневна делумна блокада на владата што заврши минатиот месец без претседателот да да добие пари за ѕидот.

Тој се согласи повторно да ја отвори владата, но само на три недели за да им дозволи на преговарачите на Конгресот да најдат компромис за владиното финансирање за остатокот од фискалната година, која завршува на 30 септември.

Преговарачите во Конгресот изразија надеж дека до среда ќе има некаков конкретен резултат.

Тоа е неопходно со оглед на тоа што легислативата мора да биде одобрена од Претставничкиот дом и од Сенатот, но и потпишана од претседателот Трамп до петок, 15 февруари, кога истекува финансирањето на неколку американски федерални агенции.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG