Достапни линкови

Ќе изградиме постар и поубав Охрид


Охрид од птичја перспектива
Охрид од птичја перспектива

По бомбардирањето на Дубровник во 1991 година, тогашниот градоначалник на Требиње изјави дека ќе изградат „постар и поубав Дубровник“. На Охрид сега му се заканува одземање на статусот на заштитено наследство на УНЕСКО, па веројатно ќе може да се изгради и „постар и поубав Охрид“.

Охридскиот регион ги исполни критериумите да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност. УНЕСКО го објави Извештајот по однос реактивната Мониторинг-мисија од 2017 година, во кој на 125 страници ја отсликува ситуацијата на терен, со сите недоследности, пропусти, промашувања, отстапувања, грешки и неостварени ветувања за подобрување. Во Извештајот останува препораката Охридскиот регион да биде поместен на Листата загрозени светски природни и културни богатства.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, во пресрет на конечниот извештај за Охридскиот Регион кој УНЕСКО треба да го објави денеска, рече дека без разлика каква ќе биде одлуката, тие ќе продолжат „неуморно да работат за интересите на Охрид“.

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека податоците на УНЕСКО се стари и оти од лани е направено многу за Охрид.

Некои, пак, го потсетуваат дека и тој си има кабает поради политички калкулации.

Дел од граѓаните велат дај средете го Охрид за туристи, од УНЕСКО не се живее.

Кој е тој УНЕСКО да ни кажува што да правиме, иронизираат други.

Ситуацијата со Охрид многумина ги потсети на изјавата на поранешниот камионџија, а тогаш воен градоначалник на Требиње Божидар Вучуревиќ, викан Божа Волан, кој по бомбардирањето на Дубровник од силите на тогашната ЈНА кон крајот на 1991 година, изјавил „Ако треба ќе изградиме уште поубав и постар Дубровник“.

Кога ќе се тргне заштитата, не платформи, ќе може бетонски остров да се изгради на сред езеро.

Трети се обидуваат да објаснат зошто заштитата на Охрид е важна.

Охриѓани потсетуваат дека проблемите почнаа да настануваат кога плажите почнаа да добиваат газди.

Охридскиот регион е на листата на Светско наследство на УНЕСКО од 1979 година.

Погледнете ја нашата најнова репортажа за уништувањето на Охридското Езеро.

Охрид тоне и урбано и еколошки
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:42 0:00

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG