Достапни линкови

ХРВ: Популистичките автократи се соочуваат со пресвртница


Унгарскиот премиер Виктор Орбан потроши субвенции од Европската унија за фудбалски стадиони, додека ги остави болниците во лоша состојба“, вели ХРВ.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан потроши субвенции од Европската унија за фудбалски стадиони, додека ги остави болниците во лоша состојба“, вели ХРВ.

Хјуман рајтс воч смета дека светските демократски лидери треба „да направат повеќе“ во справувањето со глобалните предизвици, ако сакаат да изградат импулс во соборувањето на автократите по бранот протести против авторитарното владеење во минатата година.

Во својот Светски извештај за 2022 година, објавен денеска, организација за човекови права Хјуман рајтс воч вели дека автократските лидери се соочиле со значителни реакции во 2021 година, но оти демократијата ќе процвета само ако демократските лидери подобро работат во решавањето на глобалните проблеми за да им покажат на луѓето дека демократијата дава резултати.

Во извештајот се забележува дека лидерите со автократски тенденции, вклучително и во Русија и Кина продолжуваат да навлегуваат во регионите каде што се поткопува демократскиот процес преку незаконски дејствија, вклучително и корупција.

Затворањето на Меморијал - точка без враќање за Русија на Путин

„Денешните демократски лидери не се справуваат со предизвиците со кои се соочува светот“, истакнува извршниот директор на ХРВ Кенет Рот во воведот на извештајот, додавајќи:

„Од земја во земја, голем број луѓе излегоа на улиците, дури и изложени на ризик да бидат уапсени или стрелани, што покажува дека привлечноста на демократијата останува силна. Но, избраните лидери треба да работат подобро за справување со главните предизвици со што ќе покажат дека демократската влада ги исполнува своите ветени дивиденди“.

„Голем, нов развој е поврзан со овој глобален натпревар меѓу автократијата и демократијата. Конвенционалната мудрост е дека автократите се напредуваат, а демократите се во опаѓање. Она што го откривме додека во текот на минатата година, е дека тоа е премногу површна анализа. Дека, всушност, ако се ставите во кожата на автократ, предизвиците се огромни. Знаете, животот не изгледа толку розово“, наведува Рот.

Во извештајот се вели дека лидерите со авторитарни тенденции често користат владини средства за финансирање на свои проекти, наместо за јавни потреби.

Рот истакнува дека на пример во Унгарија, премиерот Виктор Орбан потрошил субвенции од Европската унија за фудбалски стадиони, „кои ги користел за да ги исплати пријателите, додека болниците ги оставил во лоша состојба“.

Орбан: Унгарија нема да ја промени имиграциската политика

Во Русија, во извештајот се вели дека законодавната акција што започна во ноември 2020 година се интензивираше пред општите избори во септември, особено со проширување и заострување на законодавството за „странски агенти“ и „непожелни странски организации“.

Руските закони за странски агенти бараат од оние што се назначени да се регистрираат кај властите и да ја означат нивната содржина со наметливо одрекување од одговорност, со кривични казни за тоа што не го сториле. Критичарите на Кремљ велат дека ознаката за странски агент носи конотации од советската ера кои имаат за цел да ја искоренат секоја независна, граѓанска активност во Русија.

Многу активисти, новинари и соработници на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални ја напуштија земјата во последните месеци поради зголемениот притисок врз независните медиуми и оние што изразуваат несогласување. Неколку од оние што заминаа беа на списокот на странски агенти.

„Властите користеа некои од овие закони и други мерки за да ги оцрнат, малтретираат и казнуваат бранителите на човековите права, новинарите, независните групи, политичките противници, па дури и академиците“, се забележува во извештајот на Хјуман рајтс воч, во кој се додава дека на властите посебна цел им било независното новинарство.

Во Белорусија, се вели во извештајот, властите во минатата година ја ескалираа кампањата за клеветење и гонење против политички и граѓански активисти, независни новинари и бранители на човекови права за измислени, политички мотивирани обвиненија, по бранот протести во 2020 година, предизвикани од тврдењето за победа на моќникот Александар Лукашенко на претседателските избори кои се сметаат за манипулирани во негова корист.

Пет трендови поврзани со Кина што треба да се следат во 2022 година

Во Кина, претседателот Си Џинпинг ја зацврсти својата контрола на власта „додека владата ја удвои репресијата внатре и надвор од земјата во 2021 година“, се вели во извештајот. Понатаму, политиката на „нулта толеранција“ на Пекинг кон ковид-19 ја зајакна раката на властите, бидејќи тие наметнаа остри политики во име на јавното здравје.

И покрај толку многу примери на авторитарни придобивки во минатата година, извештајот забележува дека постои надеж за обновување на демократијата во некои делови од светот, бидејќи „се формираа сојузи на опозициски партии“ пред претстојните избори во земји како Унгарија и Турција.

Рот вели дека автократите повеќе не можат да се потпираат врз „суптилно манипулирани избори“ за да ја зачуваат власта и затоа „прибегнуваат кон очигледни изборни шаради кои го гарантираат нивниот посакуван резултат, но не даваат ништо од легитимитетот што се бара од одржувањето на изборите“.

„Оваа растечка репресија е знак на слабост, а не на сила“, оценува Рот, заклучувајќи: „Ако демократиите сакаат да надвладеат, нивните водачи мора да прават повеќе отколку да ги истакнуваат неизбежните недостатоци на автократското владеење“

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG