Достапни линкови

Затворањето на Меморијал - точка без враќање за Русија на Путин

„Ние сме Меморијал“. Импровизирано светилиште на центарот за човекови права создаден од поддржувачи во Санкт Петербург.
„Ние сме Меморијал“. Импровизирано светилиште на центарот за човекови права создаден од поддржувачи во Санкт Петербург.

Притисокот за затворање на групата за човекови права Меморијал е врвот на годината во која владата на Владимир Путин агресивно го прогонува независното граѓанско општество. Дали затворањето на Меморијал ја означува „транзицијата од авторитарен режим во тоталитарен режим?“ Роберт Коалсон

Годината во Русија завршува со низа настани кои вознемирија многу набљудувачи за намерите на претседателот Владимир Путин и неговата влада.

Прво, државната агенција за следење на медиумите Роскомнадзор ја блокираше веб-страницата на ОВД-Инфо, која меѓу другото служеше како клириншка куќа што ги поврзува приведените демонстранти со бранителите.

Врховниот суд нареди затворање на руска организација за човекови права

Потоа, судот во северниот град Петрозаводск го осуди истакнатиот историчар Јуриј Дмитријев на 15 години затвор за обвиненија за непристојност, за кои поддржувачите велат дека биле фабрикувани како одмазда за неговото истражување за злосторствата на диктаторот Сталин и советската влада.

Фотографии на прогонот од архивата на рускиот Меморијал

Снимка од млада жена под истрага во московскиот затвор Лубјанка во 1949 година. Нејзината судбина не е спомната во оригиналниот натпис.
1/15 Снимка од млада жена под истрага во московскиот затвор Лубјанка во 1949 година. Нејзината судбина не е спомната во оригиналниот натпис.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Полициска зграда во работен логор Томск во 1934 година. На балконот се портрети на советскиот водач Јозеф Сталин (десно) и Феликс Џержински, полско-советски комунист и шеф на тајната полиција зад масовните политички убиства познати како Црвениот терор. Паролите на зградата ја вклучуваат фразата: „Само во земјата на Советите е можно да се реформира човек преку труд“.
2/15 Полициска зграда во работен логор Томск во 1934 година. На балконот се портрети на советскиот водач Јозеф Сталин (десно) и Феликс Џержински, полско-советски комунист и шеф на тајната полиција зад масовните политички убиства познати како Црвениот терор. Паролите на зградата ја вклучуваат фразата: „Само во земјата на Советите е можно да се реформира човек преку труд“.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Черепи на застрелани луѓе за кои се претпоставува дека биле затвореници во концентрационен логор во Краснојарск во 1920-тите.
3/15 Черепи на застрелани луѓе за кои се претпоставува дека биле затвореници во концентрационен логор во Краснојарск во 1920-тите.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Знак во напуштен работен логор на неуспешниот проект за железница Трансполарна  линија на Сталин. Знакот гласи: „Имплементацијата на петтиот петгодишен план ќе биде голем чекор напред кон развојот од социјализам во комунизам“.
4/15 Знак во напуштен работен логор на неуспешниот проект за железница Трансполарна  линија на Сталин. Знакот гласи: „Имплементацијата на петтиот петгодишен план ќе биде голем чекор напред кон развојот од социјализам во комунизам“.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Куќарка за куче кое било тренирано да чува затвореници на проектот за принудна работа на Трансполарната линија.
5/15 Куќарка за куче кое било тренирано да чува затвореници на проектот за принудна работа на Трансполарната линија.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Јулија Одинцова со првиот фустан што го соши за себе, две години откако излезе од работен логор. Одинцова беше обвинета за „антисоветска пропаганда и агитација“ и преживеала осум години во различни логори за принудна работа во Сибир пред да биде ослободена во 1952 година.
6/15 Јулија Одинцова со првиот фустан што го соши за себе, две години откако излезе од работен логор. Одинцова беше обвинета за „антисоветска пропаганда и агитација“ и преживеала осум години во различни логори за принудна работа во Сибир пред да биде ослободена во 1952 година.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Советска полиција со кит застрелан од островот Вајгач во 1930 година. Таа година беше формиран работен логор на островот во Арктичкиот Океан.
7/15 Советска полиција со кит застрелан од островот Вајгач во 1930 година. Таа година беше формиран работен логор на островот во Арктичкиот Океан.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Затвореници пренесуваат цигли во Томск во 1930-тите.
8/15 Затвореници пренесуваат цигли во Томск во 1930-тите.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Свештеник (лево) и селанец по нивното апсење во 1932 година од страна на советската полиција за противење на колективизацијата во Република Коми.
9/15 Свештеник (лево) и селанец по нивното апсење во 1932 година од страна на советската полиција за противење на колективизацијата во Република Коми.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Затвореници користат рудиментарен железнички систем за транспорт на трупци надвор од работен логор во Ленинградската област во раните 1930-ти.
10/15 Затвореници користат рудиментарен железнички систем за транспорт на трупци надвор од работен логор во Ленинградската област во раните 1930-ти.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Висок офицер на НКВД држи книга со наслов Лениновото наследство во 1932 година.
11/15 Висок офицер на НКВД држи книга со наслов Лениновото наследство во 1932 година.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Казахстански советски функционер на состанокот во 1989 година за основање на Меморијалниот огранок во Нур-Султан (тогаш познат како Целиноград). Мажот наводно извикал: „Врати се во Москва со твојот „Меморијал“.
12/15 Казахстански советски функционер на состанокот во 1989 година за основање на Меморијалниот огранок во Нур-Султан (тогаш познат како Целиноград). Мажот наводно извикал: „Врати се во Москва со твојот „Меморијал“.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Череп, можеби ископан од гладни животни, до типичен маркер на гробот во гулаг во Колима, источна Русија.
13/15 Череп, можеби ископан од гладни животни, до типичен маркер на гробот во гулаг во Колима, источна Русија.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Чувари и други работници во работен логор кои уживаат на одмор со своите семејства во Карелија во 1940 година.
14/15 Чувари и други работници во работен логор кои уживаат на одмор со своите семејства во Карелија во 1940 година.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Чизми во напуштен работен логор во Колима. Фотографијата е направена за време на експедиција во логорот во 2002 година, каде што затворениците некогаш ископувале калај и ураниумска руда.
15/15 Чизми во напуштен работен логор во Колима. Фотографијата е направена за време на експедиција во логорот во 2002 година, каде што затворениците некогаш ископувале калај и ураниумска руда.
Некои од фотографиите собрани во текот на децениската работа на руската Меморијал Интернационал, која беше „ликвидирана“ од Врховниот суд на земјата на 28 декември 2021 година.
Previous slide
Next slide

Потоа, рускиот Врховен суд нареди затворање на Меморијал Интернационал, невладина организација за човекови права и историско истражување, која играше истакната улога во граѓанското општество уште од времето на политиката на гласност или отвореност на советскиот лидер Михаил Горбачов.

Истиот ден, полицијата во Иркутск, Томск, Архангелск, Барнаул и Саратов ги приведе и испраша поранешните локални координатори за затворениот опозициски политичар Алексеј Навални.

Еден ден подоцна, на 29 декември, Московскиот градски суд нареди затворање на Московскиот Меморијален центар за човекови права, водечкиот проект на Меморијал Интернационал во Русија.

Пишувајќи конкретно за затворањето на Меморијал Интернационал, долгогодишниот либерален политичар Григориј Јавлински тврди дека тоа го означува „преминот од авторитарен режим во тоталитаристички режим“.

Одлуката, додава тој, покажува дека владата на Путин „се прогласи себеси за наследник на сталинистичкиот и советскиот режим“.

Новинарката Кристина Астафурова пак, напиша: „Влегуваме во 2022 година без Меморијал, со стотици политички затвореници, со тортура во нашите затвори, со десетици луѓе принудени да емигрираат само во последната година (и уште колку ќе заминат?)“.

Интензивното едногодишно сузбивање на неистомислениците, независното новинарство и јавниот активизам доаѓа во време на шпекулации за иднината, бидејќи сегашниот претседателски мандат на Путин се приближува кон својот крај во 2024 година.

Во минатата година, владата спроведе огромен куп уставни амандмани, меѓу нив и оној кој му овозможува на Путин да бара уште два шестгодишни мандата и евентуално да остане на функцијата до 2036 година.

Полицајци пред Градскиот суд во Москва, каде што беше рочиштето за ликвидација на Центарот за човекови права Меморијал, Москва, 29 декември 2021 година.
Полицајци пред Градскиот суд во Москва, каде што беше рочиштето за ликвидација на Центарот за човекови права Меморијал, Москва, 29 декември 2021 година.

Во септември, владејачката партија Единствена Русија доби уставно мнозинство во Државната дума, долниот дом на парламентот, на контроверзните избори на кои вистинската опозиција беше речиси целосно потисната.

Руската полиција уапси тројца соработници на Навални

Навални беше приведен по неговото враќање во Русија во јануари, по неколкунеделен медицински третман во Германија по речиси фаталното труење со нервен агенс во август 2020 година, за што тој ги обвинува руските безбедносни агенти кои дејствувале по налог на Путин.

Две недели подоцна, тој беше осуден на 2 и пол години затвор за прекршување на условниот отпуст што тој го негира.

Регионалните канцеларии на Навални и неговата Антикорупциска фондација беа означени како „екстремистички“ и беа затворени, а неговите следбеници се соочуваат со засилен прогон, принудувајќи многу од нив да избегаат од Русија.

„Тоа е соодветен крај на годината што започна со затворањето на Навални“, напиша новинарот Дмитриј Колежев, кој истакнува дека Горбачов помогнал во отворањето на Меморијал, а претседателот Борис Елцин беше член, сега Путин го затвори.

„Сега сѐ завршува со ова. Кога една држава се обидува да ја забрани работата на Меморијал и го велича организаторот на тој терор, јасно е во која насока се движи“.

Новинарката и активистка Зоја Светова како реакција на одлуката да се затвори Меморијал напиша дека владата на Путин „одлучила да престане да имитира демократија“.

„Тоа е, всушност, едноставно враќање на тоталитаризмот и носење булдожер до сите живи суштества“, напиша таа.

Нападот на руската држава врз несогласувањето и нејзините критичари донесе колатерална штета и со здружување на институциите кои треба да делат правда и да ја штитат демократијата во репресијата, велат набљудувачите.

Авторот и новинар Александар Минкин тврди дека не е точно само тоа дека „Врховниот суд го ликвидирал Меморијал“, туку и дека „Путин го ликвидирал Врховниот суд“.

Исто така, веб-страницата за човекови права Grani.ru објави на Твитер дека „судијата“ ја прочита пресудата на Путин за затворање на Меморијалниот центар за човекови права.

Во врска со наредбата на владата за блокирање на веб-страницата на ОВД Инфо, некои набљудувачи ги имаат своите најжестоки критики за рускиот интернет гигант Yandex за извршување на наредбата на државата за блокирање на страницата.

Yandex „некогаш беше брилијантна руска компанија“ и „извор на национална гордост“, напиша блогерот и активист Роман Попков, тврдејќи дека таа „се трансформира во инструмент за цензура“.

„Технологијата на иднината на Русија е претворена во технологија на смртта на Русија“, додаде тој. Опозицискиот активист Денис Билунов ја нарече ликвидацијата на Меморијал „силен сигнал“.

„Тоа е како да го заковате капакот на ковчегот. Имам чувство дека парната машина на Путин не може да се пренасочи или запре“, напиша тој на Фејсбук.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG