Достапни линкови

Фридом Хаус: Транснационалната репресија е растечка закана за демократијата во светот


Демонстрант држи постер со слика на саудискиот новинар Џамал Кашоги пред конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, Турција, 25 октомври 2018 година.

Активистите за човекови права, неистомислениците и нивните семејства се соочуваат со светски образец на насилство и заплашување од авторитарните режими, за кои се надеваа дека ќе ги избегнат. одејќи во странство. Ова се наведува во новиот извештај на Фридом хаус за „транснационалната репресија“.

Убиството од страна на саудиските власти во 2018 година на колумнистот на Вашингтон пост, Џамал Хашоги во Турција е можеби најпознатиот неодамнешен случај на транснационална репресија. Но, беа пријавени и многу други инциденти кои го избегнаа вниманието на медиумите.

Јункер: Европа мора да остане засолниште за сите прогонети

Во извештајот се наведува дека имало најмалку 608 случаи на директна, физичка транснационална репресија од 2014 година, вклучително и атентати, киднапирања, напади, притвори и незаконски депортации.

Исто така, најмалку триесетина држави извршиле такви дела против нивните сонародници во 79 земји домаќини.

Околу 3,5 милиони луѓе биле погодени или од директни напади или од секундарни тактики на заплашување и принуда низ заедниците ширум светот.

„Обемот и насилството на овие напади ја потенцираат опасноста со која се соочуваат луѓето дури и откако ќе избегаат од репресијата“, вели претседателот на Фридом Хаус, Мајкл Абрамовиц.

Прогонетите ширум светот го потенцираат надзорот, па дури и киднапирањето и атентатот како постојана закана што ја ограничува нивната способност да зборуваат слободно.

Запирање на транснационалната репресија е од витално значење за заштитата на демократијата.

Анкара бара елиминација на структурите на Фето во Македонија

Глобалната анализа во извештајот на Фридом Хаус е дополнета со детални студии на случаи на шест водечки држави кои практикуваат транснационална репресија: Кина, Руанда, Саудиска Арабија, Иран, Русија и Турција. Овие земји се истакнуваат поради обемот и насилството во нивните кампањи.

Секоја студија на случaите ја објаснува логиката зад транснационалните репресивни напори на режимот, тактиката што ја користи и искуствата на прогонетите кои се цел.

Кина

Кампањата на кинеската влада достигнува најмногу луѓе на глобално ниво, поради широкиот опсег на групи под закана и огромниот број на земји каде што поединците се соочуваат со репресија.

Припадници на етнички и верски малцинства, поранешни лица од Кинеската комунистичка партија, бранители на човекови права и сè повеќе луѓе од Хонг Конг – сите тие биле подложени на сериозни форми на транснационална репресија, вклучувајќи и обиди за атентат. Киднапирањето на кинеските власти во 2015 година на Гуи Минхај, шведски државјанин, кој подоцна беше принуден да се откаже од државјанството додека беше во кинески притвор, го покажува непочитувањето на националноста, суверенитетот и човековите права.

Руанда

Транснационалната репресија е долгогодишен столб на владеењето на претседателот Пол Кагаме, со инциденти кои датираат од 90-тите години на минатиот век и вклучуваат низа осомничени атентати. Поради немилосрдната желба на владата да го монополизира граѓанскиот живот на земјата, во суштина сите Руанданци во странство се изложени на ризик. Во септември руандските власти од Обединетите Арапски Емирати го киднапираа Пол Русесабагина, херојот претставен во филмот Хотел Руанда.

Русија

Напорот на рускиот режим има два главни дела: фокус врз поранешните лица кои Кремљ ги смета за закана и сеопфатна кампања против Чеченците кои го оспоруваат владеењето на про-Кремљ лидерот Рамзан Кадиров.

чеченскиот лидер Рамзан Кадиров
чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

Рускиот рекорд е значителен: 7 од вкупно 26 обиди за атентат што ги забележува Фридом Хаус беа врзани за Русија. Само во последните две години, тројца прогонети Чеченци беа убиени во Европа.

Саудиска Арабија

Транснационалната репресија на кралството се протега многу подалеку од бруталното убиство на Џамал Кашоги. Саудиската влада широко користела шпионски софтвер, заплашување на семејства, притвор, напад и пресуда против прогонетите на Блискиот исток, Северна Америка, Европа и Азија. Бранителот на човековите права Луџаин ал-Хатлул беше киднапиран во Обединетите Арапски Емирати во 2018 година.

Осуммина осудени за убиството на саудискиот новинар Кашоги

Иран

По застојот во 2000-тите, иранскиот режим во последниве години продолжи со обиди за атентати и претерувања со прогонства, вклучително и во Холандија, Турција и Ирак. Особено, суров беше случајот со новинарот Рухолах Зам. Откако беше киднапиран од Ирак, Зам беше погубен во Иран во декември 2020 година.

Турција

Од обидот за државен удар во јули 2016 година, турската влада започна кампања што резултираше со најмалку 58 киднапирања од 17 земји. Овие напори вклучуваат корумпирање на локалните безбедносни служби во Африка, Европа и Азија во убедувањето да го олеснат илегалното пренесување на лица во турски притвор.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG