Достапни линкови

Финска и Шведска во НАТО - вие коментирате


Финска, Шведска и НАТО

Влијание се остварува преку, економија, култура а не со тенкови - гласи еден од вашите коментари на Фејсбук страницата на Слободна Европа по повод најавениот влез на Финска и Шведска во НАТО на што се противи Русија

Изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека даваме силна поддршка за членство во НАТО на Финска и Шведска по најавите дека ќе аплицираат за членство во Алијансата предизвикале голем број ваши коментари, главно негативни, со понекој позитивен.

Гоце Гаков, на пример, напишал: „А да давате тро појке поддршка дома за попродуктивни реформи ќе да е порано, ааа...“ Ванчо Коде прави паралела: „Како што даваат сите ’СИЛНА‘ поддршка за влез на Македонија во ЕУ... само си тераш, а не гледаш што народот мислит“. Васко Лен сомничав: „Знаеш кога ќе ги примат, кога врба ќе роди грозје или ќе ги примат како пустина“. Откако Финска, која 75 години беше воено неутрална и Шведска најавија аплицирање за членство НАТО, загрижени и исплашени од руската инвазија врз Украина, Владо Здравков констатира: „Путин е опколен од сите страни ќе заврше како Милошевиќ“, но Валери Велков му реплицира: „За еден саат НАТО членките може да ги снема од картата, џабе не трескај глупости“. Петар Пејаковиќ иронично предвидува: „Значи догодина Финска ќе победи на Евровизија“. Виктор Поповски со саркастична алузија: „Мислам дека како членка на НАТО сега треба да бараме државите да си ги заменат имињата, Финска да се вика Шведска и обратно, па дури потоа да влезат. Праведно, нели?“

По телефонскиот разговор на финскиот претседател Саули Ниинисто со претседателот на Русија, Владимир Путин, при што Ниинисто го информирал Путин дека неговата земја ќе бара членство во Евроатлантската алијанса, Хадис Нуи искрено забележеува: „Којзнае во тој момент како изгледаше лицето на Путин, искрено сум мислел дека е голем лидер ама испадна поглуп од сите, како да работи на проширување на НАТО. Ѓорге Јанев смета дека „Со сила убавина не бива. Во 21 век влијание не се остварува со тенкови, ако сакаш да извршиш влијание како помоќна држава и да ги придобиеш соседите тоа се прави преку економија, културно и културолошко влијание, сè друго предизвикува контраефект“.

Касами: Ако нема предвремени избори, ќе бараме меѓународна контрола на власта
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:59 0:00

Нашето неделно интервју е со градоначалникот на Тетово и лидер на партијата Беса, Биљал Касами, кој ,покрај другото, вели дека неговата партија комуницира со ВМРО-ДПМНЕ, но за предизборна коалиција но за предизборна коалиција „ќе размислиме двапати“. Мијалчо Михајлов постирал: „Коалицирај и кажи збогум Политико!!!“. Потпишана со Флауер Милошеска му препорачува: „Двапати мери еднаш сечи...паметно“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG