Достапни линкови

Фејсбук во месецот на Рамазан


Рамазан не е само за постење, туку и за Фејсбук
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Рамазан не е само за постење, туку и за Фејсбук

Забавените активности на Рамазан го зголемуваат до максимум времето поминато на социјалните медиуми на Блискиот Исток. Во Обединетите Арапски Емирати, технолошките компании наоѓаат начини за таргетирање на потрошувачите во текот на муслиманскиот свет месец.

Следењето на социјалните медиуми не е ништо ново.

Но, маркетинг платформата наречена „Споделено од Фејсбук“ е специјална за Рамазан.

На Блискиот Исток луѓето минуваат близу 58 милиони дополнителни часови на Фејсбук во текот на светиот месец.

Ова го прави Рамазан не само за најважен муслимански месец, туку и за најголема можност во годината за рекламните агенции.

Рамез Шехади, извршен директор на Фејсбук за Блискиот Исток и Северна Африка, вели:

„Потрошувачката и времето поминато на нашите платформи навистина се зголемуваат во голема мера поради еден клучен факт,расположивото слободно време е зголемено“.

Луѓето остануваат многу повеќе во текот на ноќта за време на Рамазан особено пред ифтар, кога луѓето се собираат за да јадат пред другиот ден на постот. Многумина исто така работат пократко во текот на денот.

Така, рекламните агенции обезбедуваат содржини на социјалните медиуми за да го привлечат вниманието на луѓето: од совети за убавина до рецепти.

Тоа доведува на Блискиот Исток за време на Рамазан да се минуваат дневно на Фејсбук речиси до 2 милиона часа повеќе.

За Фејсбук, кој исто така е сопственик на Инстаграм, Гугл и Јутјуб, Рамазан е добредојден бизнис во регионот.

Сепак, Рамазан не е само за воздржување од храна и пијалоци, вклучувајќи и вода, во текот на денот.

Тој е исто така за исклучување од празни одвлекувања и фокусирање врз интроспекција, добри дела, добротворни цели и поврзување со Бога.

Башам Шалал вели:

„Интернетот во 2019 година и во овие модерни времиња станаа дел од нашиот нервен систем, нашето срце и чукањето на нашето срцето“.

Гугл не го открива целосното време на следеност на Јутјуб за време на Рамазан, но вели дека во Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, на пример, гледањето спортски видеа расте за 22 отсто, на туристички видеа за 30 отсто и на видео игрите за 20 проценти во текот на месецот.

Луѓето, исто така, трошат 27 отсто повеќе време гледајќи верски содржини на Јутјуб.

Хаитам ел-Гоним, Јорданец кој живее во Дубаи, вели дека го користи Фејсбук за да се поврзе со семејството и пријателите на Рамазан.

„Нашата приврзаност кон социјалните медиуми, без разлика дали е за Рамазан или не, постојано се зголемува. Ном за жал, гледам дека повеќе време се троши на социјалните медиуми на бескорисен корисен начин. Тоа главно се лажни вести, или шеги и други бескорисни работи“.

Сепак, тој не мисли дека целото време поминато онлајн е лоша работа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG