Достапни линкови

Унгарија и ЕУ: нема правда, нема пари


Новата министерка за правда на Унгарија Јудит Варга предупреди дека Будимпешта ќе се спротивстави на какви било напори на Европската комисија за условување на финансирањето за развој со стандардите за владеење на правото.

Брисел смета дека стандардите за владеење на законите се поткопани од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој со години се расправа со европската извршна власт околу политиките за кои, како што смета Комисијата, претставуваат ерозија на демократската контрола, но и на демократскиот баланс.

Унгарија нема веќе да прифаќа условувања од ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Јудит Варга, која даде заклетва во почетокот на јули, вели дека ЕУ веќе има доволно алатки за заштита на владеењето на правото.

„Не мора да го измислуваме тркалото. Постои јасна опасност ова да може да се искористи во иднина во политички цели затоа што дефиницијата не е доволно јасна, што подразбираме под „генерален недостаток?“.

Станува збор за посебна клаузула во нацрт-буџетот на ЕУ за 2021-27 година.

Таа, исто така, го отфрла предлогот на Комисијата во заминување со кој ќе се воведе редовно разгледување на владеењето на правото слично на онаа што Брисел веќе го применува за националните буџети на земјите-членки.

„Не постои правно овластување Комисијата да изнесе предлог кој, всушност, значи редовно анализирање на состојбата во земја-членка и врз основа на таа анализа да може да има последици или да бидат воведени санкции. Затоа, мислам дека идејата е целосно спротивна на договорите“.

Унгарија и нејзиниот сојузник Полска секоја година се корисници на милијарди евра за развој од Унијата.

Дипломатите и официјалните претставници велат дека новата Комисија ќе го задржи притисокот врз Полска и Унгарија во врска со недостигот на владеењето на правото.

Варга изминатите 9 години ги мина во Брисел како државен секретар задолжен за односите на Унгарија со ЕУ.

Таа изрази надеж дека новата Комисија ќе „гради мостови наместо да прави јазови“ меѓу земјите членки.

„Се надевам дека сме на почетокот на нова ера во однос на идното однесување на Комисијата. Бидејќи досега наша главна критика кон Комисијата на Јункер е дека тоа е политичка комисија, што значи дека наместо да ги следи упатствата на Европскиот совет, Комисијата постави своја агенда “.

38 годишната Варга покрај унгарски и англиски, зборува француски и германски јазик и е заљубена во фудбалот. Таа претходно играше за женскиот фудбалски тим на бриселскиот Сент Мишел.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG