Сателитска снимка од извршен напад врз станбени згради во Мариупол
Украина очекува интензивирање на нападите врз клучни цели. САД предупредија дека Русија размислува за користење на хемиско оружје. Се прават обиди за евакуација на жителите на Мариупол. Градоначалникот на Бориспил, кој се наоѓа во близина нa Киев, ги повика жителите да се евакуираат.
Украинската војска предупреди на поголемо гранатирање од страна на руските сили на клучните инфраструктурни и цивилни цели, откако американскиот претседател Џо Бајден го повтори своето предупредување дека Москва можеби размислува да користи хемиско оружје, бидејќи офанзивата на теренот нема напредок.
Руските трупи не успеаја да заземат ниту еден поголем украински град по повеќе од четири недели по нивната инвазија, и сè почесто прибегнуваат кон масовно уништување на станбени области со воздушни напади, проектили со долг дострел и артилерија.
Централната точка е Мариупол, стратегиски важно јужно пристаниште на Азовското море. Украинските власти денеска соопштија дека нивните напори за евакуација на цивилите од опколените градови се фокусирани на градот Мариупол, но не објавија никаков нов договор со Русија за да се овозможи безбеден премин на заробените жители.
„Се фокусираме на евакуации од Мариупол“, рече вицепремиерката Ирина Верешчук.
Таа наведе голем број на места од каде автобусите ќе се обидат да евакуираат цивили, но Мариупол го изостави. Таа, исто така, не спомна какви било нови договори со Русија за воспоставување „хуманитарни коридори“ за евакуација на цивили.
Преземањето на контролата врз градот ќе овозможи копнена врска меѓу Крим, кој Москва го зазеде во 2014 година и е територијата контролирана од сепаратистите поддржани од Кремљ во источна Украина.
Жителите на Мариупол, пред избувнувањето на војната, во последните две недели беа заробени без основни резерви, како што се вода, храна и гориво. Мариупол пред војната имаше 400.000 жители.
Најмалку 2.300 луѓе досега загинале во Мариупол, некои закопани во масовни гробници, соопштија властите.
Мариупол: Град под опсада
1/18Граѓаните се евакуираат од Мариупол, 20 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
2/18Луѓе копаат гробови за жртвите убиени за време на украинско-рускиот конфликт покрај улица во Мариупол, 20 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
3/18Припадници на службата на проруските трупи во униформи без ознаки возат оклопно возило во Мариупол, 19 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
4/18Човек седи покрај патот во Мариупол, 20 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
5/18На жителите кои се надеваат дека ќе побегнат од Мариупол им се прегледуваат нивните автомобили, 20 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
6/18Локалните жители во близина на станбени згради оштетени за време на украинско-рускиот конфликт во опколениот јужен пристанишен град Мариупол, 18 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
7/18Жена готви во близина на станбена зона оштетена од гранатирање во Мариупол, 19 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
8/18Граѓани поминуваат покрај трговскиот центар уништен од гранатирање во Мариупол, 20 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
9/18Постар човек се засолнува од гранатирање зад гаража во Мариупол, 20 март 2022 година
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
10/18Локални жители седат во автомобил додека го напуштаат опколениот јужен пристанишен град Мариупол, 19 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
11/18Бегалци се собираат на улица со надеж дека ќе го напуштат разурнатиот од војна Мариупол, 20 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
12/18Жителите бегаат од опколениот град Мариупол, 20 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
13/18Сателитска слика на возила со луѓе кои се обидуваат да го евакуираат Мариупол, 18 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
14/18Локални жители во близина на оштетена станбена зграда, 18 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
15/18Поглед од воздух покажува станбени згради кои беа оштетени за време на украинско-рускиот конфликт во опколениот јужен пристанишен град Мариупол, 18 март 2022 година. Сликата направена со дрон.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
16/18Луѓе возат покрај тела на луѓе убиени во Мариупол, 17 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
17/18Жена држи кафез со папагал додека чека во автомобил на контролен пункт, додека го напушта опколениот јужен пристанишен град Мариупол, 17 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
18/18Локалните жители бараат засолниште во подрум на зграда во Мариупол, 17 март 2022 година.
Апокалиптични сцени од украинскиот крајбрежен град Мариупол. Речиси 300.000 жители се верува дека се блокирани со намалени залихи и блокирана помош за влез во градот. Украинските власти одбиваат да го положат оружјето за да го предадат градот.
Еден од главните приоритети на Русите е да ја преземат контролата врз украинскиот главен град Киев, но обидот да го стори тоа е „самоубиство“, изјави денеска во телевизиско интервју советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович. Тој исто така рече дека активните непријателства меѓу Украина и Русија би можеле да завршат во рок од 2-3 недели.
Во услови на очекувања за дополнителни воздушни напади врз главниот град Киев, градоначалникот Виталиј Кличко спроведе нов 35-часовен полициски час.
Градоначалникот на Бориспил, Володимир Борисенко ги советуваше жителите да го евакуираат градот. Тој во видео-обраќањето објавено денеска на Фејсбук рече дека „нема потреба да се биде во градот сега бидејќи веќе се водат борби во областа околу него“.
„Го повикувам цивилното население да биде паметно, да се обрати до нашиот центар за повици и да го напушти градот штом ќе се појави прилика“, додаде тој во обраќањето.
Меѓународниот аеродром Бориспил е најголемиот аеродром во Украина, кој се наоѓа на 29 километри источно од Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го отфрли рускиот ултиматум за предавање на Мариупол, велејќи дека Украина никогаш не може да се откаже од стратешкото пристаниште, или од други градови, вклучувајќи ги Харкив и Киев.
„Украина не може да ги исполни руските ултиматуми. Прво треба да бидеме уништени, а потоа да се исполни нивниот ултиматум“, рече тој додавајќи дека Русите сакаат Украина да ги „предаде“ големите градови, но дека ниту украинскиот народ „или Јас, како претседател, можам да го направам тоа“.
Зеленски продолжува да инсистира на потребата да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „во кој било формат“ за да се стави крај на борбите.
„Верувам дека без оваа средба, невозможно е целосно да се разбере на што се подготвени за да се запре војната“, рече Зеленски, кој додаде дека сите компромиси направени во разговорите со Русите ќе бидат ставени пред украинскиот народ на референдум.
Зеленски денеска треба да има видео обраќање пред италијанскиот парламент. Украинскиот лидер одржа слични говори пред пратениците во неколку други земји, вклучително и САД, Канада, Германија и Израел со цел да побара поголема помош.
САД ги обвинија руските сили дека извршиле воени злосторства во нивната инвазија врз Украина, додека Бајден им рече на група американски бизнис лидери дека дејствијата на Русија се акции на земја која наидува на многу поголем отпор од очекуваното.
„Притиснат е до ѕид“, рече Бајден за рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Москва ќе се соочи со „тешки“ последици доколку употреби хемиско оружје.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари, но украинските сили пружија силен отпор, а Западот воведе низа санкции кон Москва во обид да ја принуди да ги повлече своите сили.
Агенцијата за миграција на ОН соопшти дека речиси 6,5 милиони луѓе се раселени во Украина како резултат на војната, што ги надминува нејзините најлоши прогнози. Околу 3,5 милиони избегале преку границите на Украина во соседните земји, проценуваат од ОН, а најголемиот дел од нив пристигнале во Полска, членката на НАТО и на Европската унија.
Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.